Турски печат 07.02.2017

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

666811
Турски печат 07.02.2017

Весникот „Хабертурк“ на својата насловна страница го објавува текстот под наслов „Фондот на ресурси на Турција ќе се наоѓа меѓу првите 10 во светот“ каде што пишува дека во над 40 земји во светот има приближно 80 Фондови на ресурси, односно Асет фондови и дека земјите како што се Норвешка, Саудиска Арабија, Кувајт и Катар се наоѓаат на првите места во светот со нивните фондови на ресурси кои што се темелат на нафта.  Заклучно со март 2016 година според редоследот во светот Норвешка со 885 милијарди долари се наоѓа на прво место, а по неа следи Кина со 813,8 милијарди долари. Фондот на ресурси на Турција за кој што исто така се предвидува за кусо време да достигне до големина од 200 милијарди долари се очекува да го престигне Фондот Темасек на Сингапур со големина од 193,6 милијарди долари и да се искачи на 12-тото место во оваа лига.

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „По 7 години Тел Авив“ истакнува дека се развиваат односите со Израел како една од земјите кон кои цели Турција во туризмот и од која во 2017 година планираме да привлечеме 1 милион туристи. За прв пат по изминати 7 години еден турски министер престојува во посета на Израел. Министерот за култура и туризам Наби Авџи кој учествува на Саемот за туризам во Тел Авив изјави дека односите помеѓу двете земји ќе се развиваат.

„Нов модел, нов период во производството на електрична енергија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“ каде што се вели дека заврши тендерот Чајирхан во населеното место Наллихан кај Анкара, кој што е прв проект од моделот на производство на електрична енергија од домашен јаглен, чиј стар беше даден од страна на министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, а со цел намалување на зависноста од енергија од надвор. Така тендерот за производство на енергија и приватизација на лежиштата со резерви на јаглен во Акционерското друштво за производство на електрична енергија го доби корпорацијата Колин-Калјон Енержи-Челиклер. Според тоа компанијата ќе изгради електрична централа од 800 мегавати и ќе инвестира 1,1 милијарда долари во регионот.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Железничка линија за брз воз за Источна Африка“ пишува дека турската фирма Јапи Меркези го доби тендерот на проектот за изградба на првата железничка линија за брз воз. Партнерството Јапи Меркези од Турција и Мота-Енгил од Португалија го потпиша договорот за железничкиот проект Дар ес Салам-Морогоро кој што ќе биде изграден во Танзанија. Согласно овој проект Дер ес Салам како еден од најзначајните туристички центри на Африка ќе оствари развој во трговијата и туризмот.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турски Телеком ги поврза континентите со фибер“ истакнува дека Турски Телеком Интернешнл успешно го реализира меѓународниот подводен систем за фибер кабли SEA-ME-WE 5, еден од најзначајните и висококапацитетни подводни дата линии на светот. Согласно овој џиновски проект во кој е вклучена и станицата изградена во Мармарис од страна на Турски Телеком Интернешнл. 17 земји на растојание од над 20 илјади километри од Азија до Европа се поврзани со фибер линија со висок капацитет.



Слични вести