Турски печат 24.01.2017

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

657824
Турски печат 24.01.2017

Весникот „Хурријет“ го објавува текстот под наслов „Претседателот Ердоган: Не запаѓајте во играта на софт тероризмот“ каде што им одделува место на следните изјави на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на неговите разговори во Танзанија: „Моментално најголема неволја на светот е тероризмот, така да против овој тероризам треба да преземеме мерки сите заедно. Софт тероризам, груб тероризам... Апсолутно никако не треба да западнеме во оваа игра. Бидејќи Турција на 15 јули беше подложена на брутален обид за воен удар од страна на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО. Оваа организација не претставува закана само за Турција, туку претставува голема закана за сите земји во кои делува. Ние ги информираме сите наши пријатели во врска со оваа организација за да не бидат подложени на тешкотиите и болките кои што ги доживеавме ние.“

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Историски дипломатски сообраќај во Астана“ пишува дека со интензивни напори на Турција и Русија за прв пат во казахстанскиот главен град Астана се состанаа режимот на Асад и вооружените опозиционери како инволвирани страни во граѓанската војна во Сирија која 6 години како продолжува. На состанокот чија главна цел е да се продолжи прогласениот прекин на огнот во Сирија на 30 декември учествуваат и делегации на Турција, Русија, Иран, САД и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Сирија Стефан де Мистура. На состанокот на кој Турција ја претставува заменик потсекретарот на министерството за надворешни работи Седат Онал, Иран заменик министер за надворешни работи, а делегацијата на САД е претставувана од амбасадорот на оваа земја во Астана. Во име на руската страна учествуваат специјалниот претставник на претседателот Владимир Путин Александер Лаврентиев и заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов, а во име на режимот на Асад на преговарачката маса се наоѓа претставникот на сирискиот режим во ОН Бешар ел-Џафери.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Потрага по решение за сирискиот пожар на минус 6 степени“ истакнува дека за прв пат на округла маса во Астана се состанаа командантите на вооружените опозициони групи и претставниците на владата кои војуваат во Сирија. Разговорите под гаранторство на Русија и Турција за решавање на едниот од најболните проблеми на светот стануваат сцена на низа новини.

„Италијанците ја зголемија целта“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“ каде што им се одделува место на следните изјави на Мичал Рон, претседателката за меѓународни работи на италијанската институција за извозен кредит SACE: „Вредноста на нашето портфолио во Турција моментално достигнува до 2,8 милијарди евра и ќе бидат интензивирани нашите инвестирања во успешните инфраструктури, индустриските машини и технолошките сектори особено на голем број претпријатија од мал и среден обем.“ Рон рече дека се спремни да им дадат кредит и на турските претприемачи кои работат во странство.

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Турција ќе снима серии за време на четири годишни времиња за патеписците“ пишува дека министерството за култура и туризам кое покрена мобилизација за афирмирање на природните убавини и знаменитости на Турција во светот започна соработка со телевизискиот канал за патување и документарци „Травел Ченл“. Според тоа ќе се соработува со давање реклами, ќе се произведува заедничка содржина, ќе се снимаат серии и ќе се подготвуваат специјални програми за секое годишно време.



Слични вести