Турски печат 16.01.2017

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

651998
Турски печат 16.01.2017

Весникот „Хабертурк“ го објавува текстот под наслов „Претседателот Ердоган за три дена ќе посети три африкански земји“ каде што пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од 22 до 25 јануари за прв пат ќе ги посети Танзанија, Мозамбик и Мадагаскар. Главна точка на дневниот ред за време на овие посети ќе бидат економската соработка и проектите кои што ги реализира Турската агенција за соработка и координација ТИКА во овие три африкански земји.

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „Предупредување до Трамп за Ерусалим“ истакнува дека во период кога на конференцијата во Париз со учество на 70 земји се разгледува палестинско-израелскиот проблем францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Ајро го предупреди новиот американски претседател Доналд Трамп кој на 20 јануари официјално ќе ја преземе претседателската должност, да не ја пренесе амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. Ајро рече дека тоа претставува провокација која што ќе вроди сериозни последици. Министерот за надворешни работи Мевлуд Чавушоглу исто така истакна дека постои итна потреба од траен и сеопфатен мир во регионот и ја нагласи поддршката на Турција на процесот. Освен тоа Чавушоглу укажа на значењето од ставање крај на окупацијата на палестинските територии и формирањето на независна држава Палестина, а како што рече за постигнување мир во регионот.

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Зејбекчи: Ажурирањето во Царинската унија ќе одигра улога на допинг во земјоделството“ им одделува место на изјавите на министерот за економија Нихат Зејбекчи кој рече дека со ажурирање на договорот за Царинска унија ќе се доживее трансформација во земјоделството. Истакнувајќи дека подготовките по прашањето продолжуваат, Зејбекчи напомена дека во новиот период ќе се доживее структурална промена во усогласувањето со ЕУ. Министерот за економија Нихат Зејбекчи укажа на тоа дека со вклучување на земјоделските производи кон договорот за Царинска унија ќе поефтинат голем број производи од месото до пченицата, а воедно напомена дека е постигнат договор со ЕУ по прашањето на воспоставување односи со Турција слично со оние кои што Унијата ќе ги воспостави по Брекзит (излезот) на Велика Британија.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Хуркуш наоружан“ пишува дека на националниот авион за воена обука Хуркуш-Ц развиен од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија ТАИ, а со цел давање блиска воздушна поддршка во борбата против тероризмот, му е монтирана домашна муниција противтенковска ракета УМТАШ и ракети Џирит. Авионот за воена обука Хуркуш-Ц исто така со безбедна дигитална комуникација ќе доставува и снимки со линк на видео податоци. Националниот авион за воена обука за разлика од наоружаните беспилотни летала може да носи поголем товар од 1.500 килограми.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Претседателот одделно им честиташе на шампионите без пречки“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и приреди изненадување на кошаркарската репрезентација која во финалето на Европското кошаркарско првенство за хендикепирани во инвалидска количка под 22-годишна возраст во италијанскиот град Удине ја победи Англија со резултат од 53:38 и го освои златниот медал на првенството. Турската репрезентација која фрли потпис на историски успех вчера на враќање во Истанбул доби телефонски повик од претседателот Ердоган од чија страна им беше честитано на техничката делегација и кошаркарите и беа поканети во претседателската палата Бештепе во Анкара. Кошаркарската репрезентација на аеродромот беше пречекана со голема радост од страна на главниот советник на претседателот Ердоган, Хамза Јерликаја и нивните семејства.

 



Слични вести