Турски печат 12.01.2017

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

649557
Турски печат 12.01.2017

Весникот „Јени Шафак“ го објавува текстот под наслов „САД треба да престанат да ги легализираат терористичките организации“ каде што пишува дека портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека САД треба да престанат со иницијативите за легализирање на терористичките организации. Ибрахим Калин во својата објава преку Твитер покажа реакција на пораката на Централната команда на американските сили CENTCOM објавена исто така преку социјалната мрежа Твитер во која се тврди дека ПЈД/ЈПГ нема врска со предавничката сепаратистичко-терористичка организација ПКК. Нагласувајќи дека овие изјави на Централната команда на американските сили наместо да ја сопрат терористичката организација ја легализираат, Калин напиша: „Дали ова е шега или CENTCOM ја изгуби својата логика? Дали мислите дека некој ќе поверува во тоа? САД треба да престанат да работат за легализирање на терористичките групи.“

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „ФЕТО им дава разузнавачка поддршка за ПКК и ДАЕШ“ истакнува дека министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој говореше на амбасадорската конференција рече дека Фетулахистичката терористичка организација ДАЕШ им обезбедува разузнавачка и акциона поддршка на другите терористички организации како ПКК и ДАЕШ. Велејќи дека пред обидот за воен удар на 15 јули од страна на ФЕТО и беше издадена директива на ПКК да не реализира акции против војската која се подготвува за воен удар, Сојлу нагласи дека тоа е доказ за соработка која што предизвикува морници. Министерот Сулејман Сојлу истакна дека ФЕТО, ПКК и ДАЕШ се организации кои имаат меѓународни врски. Сојлу додаде дека ФЕТО е мошне подмолна организација и дека аристократска Европа не ја познава доволно оваа организација.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Нас никој не може да не доведе едни наспроти други“ информира дека сопругата на претседателот Ердоган, Емине Ердоган се состана на ручек со сопругите на амбасадорите и во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека во позадината на терористичките напади се наоѓа обидот да се доведат луѓето едни наспроти други и да се предизвика поделба во општеството. Емине Ердоган даде порака за единство и заедништво и рече: „Турција веќе не е онаа стара Турција. Не можат да се предизвикат поделби меѓу нашиот народ и да се доведат луѓето едни наспроти други поради нивниот начин на живот и етничките и верските разлики. Ние веруваме дека сме едни и целосни со сите наши различности. И ќе направиме се што е во наши раце за зајакнување на ова единство.“ Нагласувајќи дека западните земји за време на обидот за воен удар на ФЕТО на 15 јули претпочитаа да не ја видат големата борба за демократија на турскиот народ, Емине Ердоган рече: „Кога е во прашање Турција обидот за воен удар беше намерно искривоколчен, а згора на тоа беа штитени извршителите.“

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Дописникот на ББС: Турција е побезбедна од Лондон“ пишува дека Мајкл Буер, искусниот дописник на британската телевизија ББС за која што се дискутира доста поради вестите кои што ги објавува во последно време против Турција, истакнал дека во Турција се чувствува побезбеден отколку во Лондон. Овој познат новинар кој долги години е дописник на ББС рекол дека терористичките настани се случуваат секаде во светот. Велејќи дека е обожавател на Турција, Мајкл Буер рекол: „Имам своја едрилица во Турција. 25 години како едрам во Ѓоџек и на средоземноморските крајбрежја на Турција. На секој оној со кого ќе се запознаам му велам да оди во Турција.“

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Туркиш Ерлајнс го превезе 62,8-милионитиот патник“ истакнува дека во 2016 година е остварен раст од 2,5-насто во бројот на авиопатници на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајсн). Во домашните линии е остварен раст од 3,8-насто, а во меѓународните линии раст од 1,5-насто. Процентот на исполнетост на Туркиш Ерлајнс изнесуваше 74,6-насто. На тој начин авиокомпанијата ја надмина својата цел за исполнетост од 72 до 74-насто. Бројот на градови за кои леташе Туркиш Ерлајнс во 2015 година изнесуваше 284, додека на крајот на 2016 година оваа бројка се зголеми на 295 градови. Исто така бројот на авиони на Турската авиокомпанија од 299 се зголеми на 334 авиони.



Слични вести