Новиот генерален секретар на ОН Гутерес го осуди подлиот терористички напад во Истанбул

Новиот генерален секретар на ОН Антонио Гутерес истакна дека додека ја извршуваше функцијата Висок комесар на ОН за бегалци работеше одблизу со Турција и дека притоа беше сведок на дарежливоста на турскиот народ

643569
Новиот генерален секретар на ОН Гутерес го осуди подлиот терористички напад во Истанбул

Новиот генерален секретар на ОН Антонио Гутерес во својот прв работен ден го осуди подлиот терористички напад за време на новогодишната ноќ во Истанбул во кој животот го загубија 39 лица, а 65 лица беа ранети.

Велејќи дека додека ја извршуваше функцијата Висок комесар на ОН за бегалци работеше одблизу со Турција и дека притоа беше сведок на дарежливоста на турскиот народ, Гутерес рече: „Турскиот народ кој е домаќин на најголем број бегалци стана жртва на еден страотен терористички напад.“

Антонио Гутерес го изрази своето сочувство до блиските на загинатите во нападот и изрази надеж дека извршителите на грозоморниот напад во Истанбул набрзина ќе бидат изнесене пред лицето на правдата.

Новиот генерален секретар на ОН Антонио Гутерес истакна дека проблемите се глобализирани и не можат да се решат на база на земји, а воедно нагласи дека за глобалните проблеми можат да се решат само глобални решенија и дека повеќестраните приоди на ОН го претставуваат каменот темелник по ова прашање.



Слични вести