Турски печат 02.01.2017

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

642118
Турски печат 02.01.2017

Весникот „Стар“ го објавува текстот под наслов „Кукавички напад, кукавичка игра“ каде што пишува дека Турција во новата година влезе со брутален терористички напад. Во терористичкиот напад што се случи во Бешикташ во Ортаќој во Истанбул во првите часови од новата година во 01:15 часот животот го загубија 39 лица, а 65 лица од кои четворица потешко беа ранети. Турција се сплоти во едно срце против новиот терористички напад во еден ноќен клуб, додека средините кои и покрај овие болки се во потрага по игри за поделба на општеството повторно стапија на сцена.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Кукавица со калашников“ истакнува дека терористот кој во првите часови од новата година изврши вооружен упад на еден познат ноќен клуб во Ортаќој во Истанбул најпрвин ги уби службениците за обезбедување пред вратата, а потоа влезе внатре и почна да пука врз лицата кои ја славеа новата година. Монструмот со калашников во своите раце во текот на 5 и пол минути испразни 6 шаржери врз приближно 800 лица кои се наоѓаа во ноќниот клуб, а потоа се пресоблече и избега од местото на настанот меѓу големиот број успаничени лица.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Нема премин за овие валкани игри“ им одделува место на изјавите на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека остро го осудува терористичкиот напад во Истанбул и рече: „Ѕверскиот напад во Истанбул отворено стави до знаење дека тероризмот цели кон крвопролевање и горење на срца, без притоа да прави разлика меѓу луѓето. Меѓутоа ќе се сплотиме како народ и апсолутно нема да дозволиме да преминат овие валкани игри.“ Нагласувајќи дека Турција која води борба против тероризмот е одлучна по прашањето да направи се што е потребно за воспоставување на безбедноста и спокојството на своите граѓани, претседателот Ердоган рече: „Заканите ќе ги уништиме во нивниот извор.“

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Отворен напад против Турција и човештвото“ истакнува дека од сите средини во Турција и од целиот свет пристигнаа голем број пораки со проколнување на варварскиот терористички напад во кој не беше правена никаква разлика според местото каде беше извршен, лицата и нивните верување. Американскиот претседател Барак Обама достави порака за единство со Турција, додека рускиот претседател Владимир Путин по нападот го изрази своето сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и ги употреби следните зборови: „Наша заедничка задача е да одговориме со одлучност против терористичките напади.“ Претседателот на Советот на Европа Мартин Шулц пак ја сподели пораката: „Моето срце е со Истанбул и Турција“. Турскиот деловен свет против извршениот масакр врз луѓето кои ја дочекуваа новата година во познатиот ноќен клуб во Ортаќој исто така ја даде пораката „Не можат да не застрашат“.  

„Спортскиот свет со проколнување на тероризмот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“ каде што се вели дека спортските федерации, клубови и спортистите го осудија кукавичкиот напад во кој животот го загубија 39 лица. Освен голем број клубови во првата фудбалска Спор Тото Супер Лига на чело со Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор, пораки со осуда преку своите официјални интернет страници објавија и Турската фудбалска федерација, Турската кошаркарска федерација и Турската одбојкарска федерација, додека терористичкиот напад беше проколнат и од страна на спортистите.



Слични вести