Турски печат 23.12.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

636258
Турски печат 23.12.2016

Весникот „Стар“ на својата насловна страница ја објавува веста под наслов „Ако застанеме ќе се вратиме на Севр“ каде што им одделува место на следните зборови на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган: „Ако застанеме во овој критичен период кога се настојува наново да се преструктуира светот и нашиот регион, место на кое што ќе се најдеме себе си се условите од Севр“. Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во Народниот културен и конгресен центар во Бештепе во Анкара на церемонијата на свеченото ставање во примена на неколку новоизградени објекти ја даде пораката дека „борбата ќе продолжи“. Велејќи дека Турција ја води својата најголема борба по народно-ослободителната борба, Ердоган рече: „Оваа борба е борба за еден народ, едно знаме, една татковина и една држава.“

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Карлов веќе е вечен симбол на турско-руското пријателство“ пишува дека премиерот Бинали Јилдирим беше во посета на руската амбасада во Анкара каде што уште еднаш го изрази своето сочувство поради убиството на абасадорот Андреј Карлов. Премиерот Јилдирим во книгата на жалост во амбасадата напиша: „Од се срце ја чувствувам болката поради тоа што го изгубивме амбасадорот на Руската Федерација Андреј Карлов во еден жалосен терористички напад. Оние кои посакаа со овој подол атентат да ги нарушат обемните односи помеѓу Турција и Русија и да ги срушат мостовите на пријателство помеѓу двата народа не ќе можат да ги постигнат овие своите цели, виновниците еден по еден ќе бидат утврдени и ќе бидат казнети со казната што ја заслужуваат. Карлов кој имаше големи придонеси за нашите односи со Русија во еден исклучителен период за време на својот мандат што го извршуваше успешно, веќе стана вечен симбол на турско-руското пријателство.“

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Кредит од 7 милијарди лири по 15 јули“ истакнува дека голем број западни институции за кредит на чело со оние во европските земји додека од една страна ја критикуваат турската економија, од друга страна чекаат на ред за да обезбедат финансиски извори за проектите кои што се реализираат во Турција. По обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули со цел да бидат искористени во инвестирањата на турските фирми им е доделен долгорочен кредит од странство во износ од 4 милијарди 800 милиони турски лири. Воедно приватниот сектор по 15 јули преку издавање на обврзници во странство доби долг во износ од 2 милијарди 200 милиони турски лири.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Победи Турција“ пишува дека домашните и странските фудбалери во турската фудбалска Спор Тото Супер Лига за да ги нагласат единството и сплотеноста против терористичките настани во рамките на организацијата “Ѕвездите на натпревар за солидарност“ излегоа на терен на стадионот Водафон Арена во Истанбул. На натпреварот за почит кон шехидите екипата д домашни фудбалски ѕвезди ја победи екипата од странски фудбалски ѕвезди со резултат од 4:3. Приходите од натпреварот со посредство на министерството за семејство и социјални политики ќе им бидат доделени на семејствата на шехидите и газиите.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Фаворит повторно Турција“ ги известува своите читатели дека во период кога раните резервации во Русија во споредба со минатата година се поскапени за 3,5 пати, земја фаворит повторно стана Турција. Весникот „Комерсант“ од чија страна беа анкетирани туристичките агенции во Русија напиша дека бројот на раните резервации за летување во странство за идната година во споредба со минатата година е зголемен за 2 до 3 пати така да се очекува Турција повторно да се искачи на првото место кое што го изгуби минатата година.



Слични вести