Турски печат 19.12.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

633129
Турски печат 19.12.2016

Весникот „Хурријет“ го објавува текстот под наслов „Претседателот Ердоган: Мојот народ рече дека ќе трча кон иднината“ каде што пишува дека претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на свечено ставање во употреба на спортскиот комплекс „Шенол Ѓунеш“ во градот Трабзон и притоа рече: „Кукавичкиот, подол самоубиствен бомбашки напад во Кајсери причини сенка врз нашата денешна радост. Поради интензивните терористички акции кои што траат 1,5 години не можеме да ја доживееме онака како што треба нашата радост. Вршете терор колку што сакате, никако нема да го поделите овој народ. Јас верувам дека додека тие трчаат кон тероризмот, мојот народ ќе трча кон иднината. Ќе бидеме посилни.“

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Порака ’Рака за рака против тероризмот’“ истакнува дека вчера беше ден на збогување со 14-те војници кои загинаа во завчерашниот терористички напад во градот Кајсери. Од Кајсери до Денизли, од Зонгулдак до Афјонкарахисар сите страни во земјата ги испратија во нивниот вечен дом своите млади војници. На погребната церемонија на војникот Јунус Емре Дуран во џамијата Ахмед Хамди Аксеки во Анкара учествуваа и премиерот Бинали Јилдирим и лидерите на опозиционите партии, Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу и на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели. И пораката од која што има потреба Турција беше дадена на оваа погребна церемонија од таткото на загинатиот војник. Таткото Махмут Дуран кој го изгуби своето чедо во тој понизен напад на само еден месец пред да ја заврши својата воена обврска, за време на преминот на возилото со ковчегот на загинатиот војник ги фати рацете на Бинали Јилдирим и Кемал Киличдароглу и рече: „Сега е време за единство.“

„Народот во југоисточниот дел на земјата протестираше против ПКК“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“ каде што се вели дека Турција започна сеопфатна борба против кукавичкиот терор на ПКК. Вчера беа одржани протести во голем број градови ширум земјата од Анталја до Јалова и од Сакарја до Карабук и на сиве овие протести беше проколната сепаратистичко-терористичката организација ПКК и беше упатен повик за единство. Најзначајниот протест пристигна од југоисточниот дел на земјата. На протестот во населеното место Јуксекова кај градот Хаќќари и покрај мошне студеното време учествуваа 3 илјади лица. Народот со турски знамиња во рацете извикуваше слогани „Шехидите не умираат, татковината е неделива. Проклета да е ПКК.“ Беа пеани илахии на курдски јазик и беше силно проколнета ПКК. Во градот Дијарбакир под водство на Граѓанските организации беше одржан митинг „Почит за шехидите, проколнување на тероризмот“ и на протестот беше носено 100 метри долго турско знаме. Илјадници лица кои учествуваа на протестот ги осудија кукавичката ПКК и тероризмот. Протести на кои беше проколнета ПКК беа одржани и во населеното место Мидјат кај градот Мардин, Џизре кај Ширнак и Чукурџа кај Хаќќари.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Стана најдобар проект на светот“ пишува дека проектот Пијалепаше Истанбул како најголем проект за урбана трансформација кој што е реализиран од страна на приватниот сектор на Турција, во „International Property Awards“ односно Меѓународните награди за недвижнини најпрвин беше избран за најдобар проект на Европа, а сега и за најдобар проект за урбана трансформација на светот. Проектот Пијалепаше Истанбул ја добри наградата за „Стан со најдобар внатрешен архитектски дизајн на светот“.

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Со долг поголем од националниот доход“ пишува дека САД наспроти својот годишен национален доход од 18,5 трилиони долари, со исклучок и на приватниот сектор имаат долг во износ од 19,9 трилиони долари. Јапонија располага со 1 трилион 132 милијарди долари американски државни записи и обврзници, а Кина со 1 трилион 116 милијарди долари. Турција пак во своите резерви располага со  58,3 милијарди долари американски државни записи и обврзници. Ова портфолио се состои од 23,6 милијарди долари од долгорочни и 34,7 милијарди долари од краткорочни американски средства. И покрај тоа што во споредба со месец октомври минатата година станува збор за намалување од 3,6 милијарди долари Турција се наоѓа на 32-рото место меѓу земјите на кои им должат САД.



Слични вести