Турски печат 15.12.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

630854
Турски печат 15.12.2016

Весникот „Сабах“ го објавува текстот под наслов „Целосен договор против тероризмот“ каде што пишува дека власта и опозицијата зазедоа заеднички став против тероризмот. Претседателот на владејачката АК Партија и премиер Бинали Јилдирим, лидерот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу и лидерот на опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели по остварената средба чија главна точка на дневниот ред беше реализираниот терористички напад од страна на терористичката организација ПКК во саботата во Истанбул, дадоа порака за единство против тероризмот. Премиерот Бинали Јилдирим ги информираше детално лидерите на опозицијата во врска со терористичкиот напад во Истанбул, додека опозиционите лидери ги доставија своите предлози. На средбата опозицијата и даде целосна поддршка на владата во борбата против тероризмот. Лидерот на главната опозициона партија ЏХП Кемал Киличдароглу истакна дека е покрај владата во борбата против тероризмот, додека лидерот на опозиционата партија МХП Девлет Бахчели истакна дека и даваат поддршка до крај на борбата против тероризмот и дека по ова прашање секогаш ќе се даде поддршка за интересите на земјата и народот.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Во акција машината за лага на сирискиот режим“ истакнува дека постојаниот претставник на сирискиот режим во ОН Бешар Џафери во Советот за безбедност на ОН фотографијата на еден војник кој им помага на цивилите во Ирак, ја прикажа како да им припаѓа на режимските војници. Во Советот за безбедност на ОН кој по завчерашните напади врз цивилите во Алепо одржа итен состанок, зеде збор и постојаниот претставник на сирискиот режим во ОН Бешар Џафери. Џафери и претходно во Советот за безбедност достави една фотографија за која што рече дека се однесува на реализиран напад од страна на опозиционерите, а која фотографија беше сликана за време на масакрот на сирискиот режим во Алепо. Така и последниот скандал на Џафери кој уште од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година ја извршува задачата „машина за лага“ на режимот, покажува дека се обидува да го оправда режимот пред злосторствата против човештвото кои што ги врши во Сирија.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „САД продолжуваат со испорака на оружје на терористичката организација ПЈД“ пишува дека САД кои никако не ја прекинаа поддршката со испорака на специјално оружје на ПЈД во Сирија која инаку е продолжеток на терористичката организација ПКК и вчера и испратија голема количина оружје на ПЈД. Американски воени карго хеликоптери на југот на Ајнел Арап (Кобани) со помош на 7 хеликоптери доставија оружје и муниција. САД кои за еден месец во областа реализираа 13 испораки вчера јужно до Ајнел Арап доставија голема количина оружје, муниција и воена опрема составена од минофрлачи, противтенковски проектили и автоматски пушки. Како што се наведува терористичката организација ПЈД со оваа доставена испорака на оружје прави подготовка за започнување на голем напад против Турските вооружени сили и Слободната сириска армија на линијата Менбич-Ел Баб.

„Причини поради кои европските земји не ги предаваат терористите“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“ каде што се вели дека Турција ја бара од европските земји да и бидат предадени голем број терористи на чело со припадниците на терористичките организации ПКК, ДХКП-Џ и ФЕТО. Меѓутоа европските земји не ги даваат овие терористи кои што Турција ги бара од нив во рамките на Европската конвенција за екстрадиција на извршителите на кривични дела. Како причина пак го изнесуваат тоа што извршените кривични дела на овие лица се оценуваат како „политички кривични дела“. Освен тоа на терористите им се доделува државјанство или статус на бегалец или со изнесување на други правни изговори се попречува нивната екстрадиција. Некои од кривичните дела кои што се извршени од страна на овие лица чија испорака се бара, меѓутоа тоа се одбива од страна на земјите на ЕУ се следните: Убиство на припадници на безбедносните сили. Напад со експлозив од рачна изработка врз полициско возило и ракетен напад врз полициска станица. Вооружен напад врз минибус во кој се наоѓаат селски чувари. Насилно собирање пари, фрлање бомба на училишта, убиство на цивили, палење возила, блокирање на патишта, напад врз градилишта. Фрлање молотови коктели на продавници.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Во кампањата ’смени ги твоите девизи’ за два дена продадени 1,7 милијарди долари“ истакнува дека граѓаните кои за време на обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули на повикот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган излегоа на плоштадите и ја спасија Турција од окупација, овојпат одговорија на предупредувањето на својот лидер да ги смени своите девизи. Така според податоците на Институцијата за регулирање и надзор на банкарството (БДДК) на 7 декември износот на девизни влогови во банките изнесуваше 192 милијарди 460 милиони долари, додека на 9 декември овој износ на девизи се намали на 190 милијарди 800 милиони долари. На тој начин за само два дена  се продадени 1 милијарда 650 милиони долари, од кои 650 милиони долари продаде народот, а 1 милијарда долари фирмите. Износот на девизните сметки на граѓаните се намали на испод 100 милијарди долари, додека комерцијалните девизни сметки опаднаа на 90,8 милијарди долари.



Слични вести