Турски печат 09.12.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

626809
Турски печат 09.12.2016

Весникот „Јени Шафак“ ја објавува веста под наслов „Гурбетчиите доаѓаат за да менуваат долари“ каде што пишува дека меѓу оние кои по повикот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган своите заштеди во долари и евра ги претвораат во турски лири (ТЛ) се наоѓаат и турски граѓани кои живеат во странство. Група составена од 300 турски граѓани на крајот на месецот од Франција ќе допатуваат во Турција и ќе ги разменат своите девизи, а воедно веќе неколку дена како голем број турски граѓани гурбетчии доаѓаат во Турција за да ги променат своите девизни заштеди во турски лири. Така и во наредните денови се мисли дека ќе се зголеми бројот на гурбетчиите кои ќе дојдат во Турција за менување на своите девизни заштеди. Кампањата ја поддржуваат државни институции, организации, бизнисмени и приватни компании и фирми, а исто така во врска со прашањето се очекува да фрли чекор и Здружението на турските индустријалци и стопанственици (ТУСИАД).

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов: „Повик до ЕУ во срцето на ЕУ: Не хранете ги змиите“ истакнува дека колумнистите на весниците „Сабах“ и „Дејли Сабах“ по Лондон и Вашингтон информираа во врска со обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули и во главниот град на ЕУ Брисел каде што ја доставија следната порака: „Ставот на Европа е разочарувачки. Доколку ЕУ продолжи да ги заштитува терористичките организации, на крајот ќе изгуби самата.“ Колумнистите на весниците истакнаа дека приврзаниците на една личност која себе си се смета како Мехдија кои се подготвени да направат се што ќе каже таа личност и една структура која се држи себе си во тајност, во секоја земја во која се наоѓаат можат да одиграат улога на Тројански коњ. „Доколку обидот за преврат беше успешен исто како и во Египет онака како што направија со Сиси, мошне лесно ќе можеа да ја земат за свој соговорник  Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО. Тоа претставува големо разочарување. Истовремено претставува голем срам и за ЕУ.“ – истакнаа колумнистите на весниците „Сабах“ и „Дејли Сабах“ во Брисел.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Кај терористичкото гнездо Кандил сега се појави паника поради Ѓоктурк“ информира дека е дешифрирана паниката преку безжичните разговори на терористите на ПКК кои се вгнездени на планината Кандил на северот на Ирак и чие движење се следи со сателитот Ѓоктурк по што биваат неутрализирани. Откриено е дека терористите во своите меѓусебни разговори велат: „Беспилотните летала сите ве ловеа како птици.Сега се појави и лансираниот сателит Ѓоктурк-1. Сите не очекуваат тешки денови.“ Терористите во своите разговори велат дека бројот на изгубените терористи во последната една година изнесува повеќе од изгубениот број на терористи за 10 години.“

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Добра веста за Турција, раст на индустриското производство во октомври“ пишува дека индексот на индустриското производство во октомври во споредба со минатиот месец (септември) се зголеми за 3,7-насто. Кога ќе се анализираат подсекторите на индустријата во октомври споредено со минатиот месец индексот во рударството и каменоломството оствари раст од 0,6-насто, индексот во производствената индустрија раст од 4,1-насто и индексот во производството и дистрибуирањето на енергија, природен гас, пареа и климатизација раст од 2,9-насто. Министерот за наука, индустрија и технологија Фарук Озлу истакна дека индустриското производство оствари раст, како под влијание на случувањата во пазарите на извоз така и со порастот во внатрешниот пазар. Министерот Озлу рече: „Четвртиот квартал од годината ќе биде подобар од третиот квартал од голем број аспекти. Почнаа да пристигнуваат и водечките показатели на оваа слика.“

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Одбројување за наградите Наџип Фазил“ истакнува дека церемонијата по повод доделувањето на наградите Неџип Фазил кои будат големо воодушевување во светот на книжевноста, со учество и на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ќе се одржи на 10 декември во сабота вечер во Конгресниот Центар Халич во Истанбул. Церемонијата ќе се емитува во живо преку телевизиските екрани. Годинашната награда Неџип Фазил за почит ќе му биде врачена на големиот мајстор писател на сказни Мустафа Кутлу. Наградата во гранката раскази и романи  ќе му се додели на Џихан Акташ, во поезија на Ебубекир Ероглу, а во идејно истражување на Јашар Чагбајир. Во гранката награда Неџип Фазил за први дела која што ќе се додели за прв пат оваа година ќе бидат наградени писателот на сказни Мустафа Чифтчи и поетесата Емел Озкан. Церемонијата на наградите Неџип Фазил секоја година се одржува со широко и раскошно учество и се има за цел да се овековечи културното и духовното наследство на турскиот поет, писател и мислител Неџип Фазил и пренесување на неговите идејни размислувања на идните поколенија.



Слични вести