Позитивен одговор од Иран на повикот на претседателот Ердоган за тргување со национални валути

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими истакна дека неговата земја го дочекува позитивно повикот на претседателот Ердоган за тргување со национални валути

624398
Позитивен одговор од Иран на повикот на претседателот Ердоган за тргување со национални валути

Официјален Техеран го дочека позитивно повикот на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган за користење на националните валути на местото на доларот во трговијата помеѓу Турција и Иран.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими рече: „Доколку повикот на Турција не е краткорочен и е долгорочен план истиот го дочекуваме позитивно. Доколку Турција е сериозна по ова прашање би можеле да ја започнеме соработката.“

Касими истакна дека неговата земја го дочекува позитивно тргувањето со национални валути со земјите кои располагаат со доволна економска моќ.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими рече: „Земјите со силна економија и особено новите сили би можеле да формираат меѓусебни механизми со свои сопствени национални валути и на тој начин би можеле да бидат далеку од негативните влијанија врз девизниот курс. Особено доколку две земји се соседи и истовремено постои значаен трговски обем меѓу нив купопродажбите од овој вид ќе бидат во полза и на двете страни.“

Потсетувајќи дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати повик за користење на националните валути и во тргувањето со Кина и Русија, Касими рече: „Ако успее да се формира и развие еден ваков синџир, тоа би било пресвртна точка. Секако тоа не е лесна работа и за тоа постои потреба од волја и сериозност. Работата треба да се постави на колосек и да се реализира опфатна соработка за добивање позитивен резултат. И покрај тоа што е искомплцирано прашање доколку оваа мисла ја ставиме во дело претставува мошне позитивно размислување.“



Слични вести