Турски печат 01.12.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

621227
Турски печат 01.12.2016

Весникот „Сабах“ го објавува текстот под наслов „Благодарност од Абас до Ердоган за езанот“ каде што пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера оствари телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас и според добиени информации од кабинетот на претседателот, Ердоган му честита на Абас за повторниот избор за претседател на вчерашните одржани избори на седмиот Конгрес на Ел Фетих. Како што се дознава претседателот Ердоган ги изнел своите грижи во врска со нацрт-законот со кој што се предвидува забранување на читање на езанот преку звучници во Израел, додека Махмуд Абас му се заблагодарил на Ердоган за покажаната чувствителност по прашањето. Од друга страна во израелскиот парламентот Кнесетот беше одложено гласањето во врска со нацрт-законот кој што предвидува забранување на читање на езанот преку звучници, а за кое се очекуваше да се одржи вчера. Пратеникот во Кнесетот од арапско потекло Џемал Захалка рече: „Причината поради која десничарските Израелци се противат на езанот не е високиот глас на езанот, туку лично содржината на езанот.“

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Саудиско олеснување за турскиот инвеститор“ истакнува дека на Заедничкиот состанок на турско-саудискиот деловен совет на кој учествуваше и министерот за економија Нихат Зејбекчи беа потпишани 8 одделни записници за соработка помеѓу турските и саудиските фирми. Министерот за трговија и инвестирање на Саудиска Арабија Маџид Бин Абдулах ел-Касби на состанокот што се одржа од страна на Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) во Истанбул рече: „За зголемување на нашите инвестициски односи ќе ги мобилизираме сите наши можности во министерствата и во сите институции во Саудиска Арабија.“ Саудискиот министер Касби во врска со деловните визи кои што им се издаваат на турските бизнисмени рече: „Постапките за издавање визи на турските бизнисмени ќе се реализираат многу брзо и овие визи ќе бидат со повеќе влезови.“

Весникот „Ватан“ го објавува текстот под наслов „Пазар од 100 милијарди евра“ каде што пишува дека е стапено во акција за да им се придаде финансиска длабочина на турските пазари. Надлежни на потсекретаријатот за трезор кои велат дека Турција на меѓународните пазари располага со евробондови чиј износ достигнува до 100 милијарди евра, истакнуваат дека откако ќе почне да се тргува со овие евробондови во Берза Истанбул големината на пазарот на берзата ќе се зголеми двократно. Според надлежни на потсекретаријатот за трезор на меѓубанкарските пазари ќе продолжи да се тргува со евробондови, додека на Берза Истанбул ќе се тргува и со финансиски документи извозени во странство.

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Туркиш Ерлајнс ќе лета за Пукет“ ги информира своите читатели дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс“ идната година ќе започне летови за светски познатиот туристички центар островот Пукет во Тајланд. Летовите кои што ќе започнат на 17 јули 2017 година ќе се реализираат со авиони од типот Ербас 330-300 и четири пати неделно. Летовите ќе се реализираат во понеделник, четврток, сабота и недела во 14:30 часот од аеродромот Ататурк во Истанбул и на островот Пукет ќе пристигнат во 04:00 часот по локално време. Патниците ќе имаат можност да летаат за Пукет со промотивни цени од 599 долари. Турската авиокомпанија ТХЈ која воедно ја проширува својата мрежа на летање и за Америка на 20 декември годинава ќе ги започне и своите летови за кубанскиот главен град Хавана и венецуелскиот главен град Каракас.

Весникот „Хурријет“ истакнува дека претседателот на Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) Рифат Хисарџиклиоглу на состанокот во Тајланд беше повторно избран за потпретседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговски и индустриски комори (CACCI). Хисарџиклиоглу кој оваа должност продолжува да ја извршува две години рече: „Се гордееме со тоа што го виориме знамето на нашата земја во Меѓународната трговска комора, Европа, Америка, 57 земји членки на Организацијата за исламска соработка и во азиско-пацифичкиот регион. Вложуваме напори за претставување на нашиот деловен свет насекаде.“ Функцијата претседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговски и индустриски комори (CACCI) ќе продолжи да ја извршува Џемал Инаишвили. 



Слични вести