Турски печат 24.11.2016

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

616922
Турски печат 24.11.2016

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Повик од Ердоган за злато наместо девизи“ им одделува место на изјавите на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој на отворањето на 32-от состанок на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка (ИСЕДАК) истакна дека големината на глобалниот исламски финансиски пазар во 2015 година достигна до 2,1 трилион долари и за спас од притисокот на меѓународниот девизен пазар националните валути да се индексираат на злато. Ердоган рече дека исламските земји мораат да се доведат себе си во поиздржлива состојба пред глобалните кризи и напомена дека за спас од меѓународниот девизен притисок ќе биде мошне прецизна одлука во финансискиот сектор да се оди на партиципиентно финансиско размислување, а во националните валути да се фрли чекор индексиран на златото.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Исламските земји веќе треба да ја изнесат својата реакција против исламофобијата“ исто така им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на состанокот на ИСЕДАК каде што меѓу другото привлече внимание и на растечката исламофобија и расизмот во западниот свет. Нагласувајќи дека постојано се играат игри над исламскиот свет, Ердоган истакна дека растат нападите против муслиманите во целиот западен свет на чело со САД и Европа. Велејќи „Ги рушат нашите џамии.Сето тоа се случува во Западот. Веќе треба да го кренема својот глас и да ја засилиме нашата реакција.“, претседателот Ердоган ги повика исламските земји да ја изнесат својата реакција.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Владата за неколку дена ќе соопшти добри вести во економијата“ им одделува место на изјавите на премиерот Бинали Јилдирим кој привлече внимание на тоа дека негативната атмосфера која што со растот на доларот и таинствениот начин на однесување на банките по прашањето на доделување кредити се сака да се создаде на пазарот се нови игри на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и менторот во нејзината позадина насочени против Турција. Нагласувајќи дека се свесни за оваа игра и дека продолжуваат да преземаат нови мерки, Јилдирим рече: „За некоклку дена ќе соопштиме убави работи во економијата.“ Меѓу новите мерки кои што ќе бидат соопштени се наоѓаат работите во правец на намалувањето на потрошувачките каматни стапки од страна на државните банки.

„Народот е против членството во ЕУ“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“ каде што меѓу другото се вели дека Турција истапи против ЕУ и како опција укажа на Шангајската организација за соработка. По овие изјави од Турција се испомешаа главите во Европскиот парламент. Народот во Турција пак покажува реакција против ЕУ која го поддржува тероризмот. Според спроведеното истражување над 16 илјади турски граѓани 88-насто од испитаниците бараат Турција да се повлече од преговорите. Процентот на онит кои бараат преговорите да продолжат изнесуваше само 9-насто. 3-насто од испитаниците пак беа неодлучни.



Слични вести