Турски печат 11.11.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

608533
Турски печат 11.11.2016

Весникот Хабертурк го објавува текстот под наслов „Аниткабир исполнет, Долмабахче преплавен“ каде што пишува дека основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк вчера на 78-годишнината од неговата смрт кога часовниците покажаа точно 09 часот 05 минути беше споменат во целата земја од страна на граѓаните на секоја годишна возраст и во тој момент животот во целата земја во вистинска смисла на зборот застана. Мавзолејот на Ататурк Аниткабир по официјалната церемонија на која учествуваше државниот врв беше отворен за народот и граѓани од секоја годишна возраст млади и стари, вљубеници во Ататурк дојдоа во мавзолејот Аниткабир кој што и на овој 10 ноември беше исполнет со голем број граѓани. Во сарајот Долмабахче во Истанбул пак каде што Ататурк почина илјадници граѓани со цвеќиња во рацете формираа долги редици. Граѓаните оставија цвеќиња на постелата на која почина Ататурк, додека војникот кој чуваше стража до постелата не можеше да ги задржи своите солзи. На церемонијата на сеќавање на која беа доживеани емотивни моменти некои граѓани плачеа.

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „Да не се сеќаваме напразно“ истакнува дека претседателската палата беше домаќин на вчерашната церемонија на сеќавање на Ататурк. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека и покрај оние кои во име на како што велат Ататурковата мисла покажуваат отпор на промените, ќе бидат исполнети желбите на Ататурк и рече: „Би сакал да споделам и потсетам дека изразот нова Турција за прв пат низа пати беше споменуван од страна на Газија во неговата книга ’Говор’. Претседателот Ердоган предложи 10 ноември да не се одбележува напразно како годишнина од смртта, туку како преродба и рече: „Кога ова ќе го преобразиме во жалост, од жалоста нема да добиеме ништо, ова да го оцениме како пресвртница и како преродба која ќе не води кон многу поразлична иднина.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Новиот период во Америка го поттикна турскиот извозник да стапи во акција“ известува дека изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп со која истакна дека има за цел да го зголеми растот за два пати и дека би можел да поништи трговски договори вредни трилиони долари го воодушеви турскиот извозник. Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) отсега стапи во акција за новиот период кога ќе бидат ажурирани наново  стратегиите во извозот. Турските извозници истакнуваат дека царинските давачки кон Кина и Мексико, поништувањето на слободните договори и целите на САД за инвестирања вредни неколку трилиони би можеле да доведат до скок во извозот на Турција. Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) за следење на лице место на приликите во новиот период во рок од 2 месеци ќе отвори Турски трговски центри во Њујорк и Чикаго.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Отворивме бела завеса со Русија“ истакнува дека во Истанбул беше одржана премиерата на филмот „Играта на Русинот“ кој е прв долгометражен филм на режисерот Левент Оздемир. На премиерата учествуваа и заменик министерот за култура и туризам Хусејин Јајман и голем број познати личности од светот на уметноста. Во филмот режисерот Левент Оздемир воедно е и сценарист и споделува една од главните улоги, додека другите главни улоги ги толкуваат Фират Таниш, Анастасија Клјева и Леонид Кулагин.  Режисерот Оздемир се осврна на значењето на филмот од аспект на турската кинематографија и рече: „Ова е прв филм кој е снимен во 3 земји. Освен Турција имаме сцени и од Хонгконг и Русија.“

„Големиот Кањон на Анадолија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ каде што се вели дека Долината Левент во населеното место Акчадаг кај градот Малатја која се споредува со Големиот кањон во САД и каде што има карпести форми кои датираат од пред 65 милиони години ја привлекува заинтересираноста на домашните и странските туристи. Долината во која освен историски и различни геолошки форми има и стрмни карпи, може да се набљудува од птичја перспектива од панорамската тераса изградена од челична конструкција поставена на еден стрмен карпест блок  и со стаклен под. Панорамската тераса која се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри и 240 метри восочина од долината е изградена во 2012 година и досега е посетена од страна на приближно еден милион посетители.



Слични вести