Турски печат 25.10.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

596518
Турски печат 25.10.2016

Весникот „Јени Шафак“ на својата насловна страница го објавува текстот под наслов „Во Мосул не има сестрано“ каде што им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој подвлекува дека Турција дава сестрана поддршка на операцијата на Мосул која е започната на 17 октомври против терористичката организација ДАЕШ и вели: „Активна поддршка на операцијата даваат силите Пешмерги и Ниневија кои ги обучивме во северниот дел на Ирак и во кампот Башика. Во операцијата се вклучени и 4 нашите џетови.“ Нагласувајќи го и тоа дека безбедноста на Ирак е од мошне големо значење за Турција, Чавушоглу го подвлекува следното: „Нашите сили во Башика неутрализираа повеќе од 700 припадници на ДАЕШ. Ирак е наша соседна земја. Безбедноста на Ирак е значајна најмалку колку нашата безбедност. Секој зборува за бегалците кои доаѓаат од Сирија, меѓутоа во моментов во Турција се наоѓаат и повеќе од 300 илјади ирачки бегалци. Освен тоа имаме формирано и бегалски кампови на границата со Ирак.“

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Башика под опсада од три страни“ истакнува дека операцијата против градчето Башика во Ирак во близина на Мосул која во недела беше поддржана со топовски истрели и од страна на турските топови и тенкови во кампот Башика продолжи и во текот на вчерашниот ден. Силите Пешмерги во областа за заземање на градчето Башика од рацете на терористичката организација ДАЕШ го зедоа под опсада ова градче од три страни, меѓутоа поради самоубиствените напади на ДАЕШ операцијата се одвива бавно. Терористите во голема мера го напуштиле градчето, но биле поставени голем број бомби. Заземањето на Башика е од критично значење и за операцијата за спасување на Мосул. Така со заземањето на Башика кое се наоѓа на 12 километри од Мосул се планира да се пресече логистичкиот пат на ДАЕШ. Градчето Башика се наоѓа на 15 километри од истоимениот камп за обука каде што Турските вооружени сили со своите приближно 500 војници им даваат обука на локалните сунитски сили.

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Се иселија 54 милиони луѓе“ ги известува своите читатели дека фирмата за истражување PEW со седиште во САД ги истражуваше мигрантиските и бегалските движења на Блискиот исток во периодот од 2005 до 2015 година. Според ова истражување бројот на мигрантите и бегалците на Блискиот исток од 2005 година до 2015 година оствари раст од 120-отсто. Војните, граѓанските војни, судирите и превирањата во регионот беа причина бројот на мигрантите и бегалците на Блискиот исток од 25 милиони да се зголеми на 54 милиони луѓе. Во извештајот на фирмата за истражување PEW се нагласува дека миграциите особено биле зголемени во 2011 година со започнувањето на граѓанската војна во Сирија. Во извештајот стои дека заклучно со 2015 година еден од секои 10 жители на Блискиот исток се со статус на меѓународни мигранти или бегалци. Земји кои пак се домаќини, односно згрижуваат најголем број мигранти и бегалци се Јордан и Јемен со 2,9 милиони лица и Турција со 2,7 милиони лица.

„Во Турција дневно по просечно два часа слушаме музика од интернет“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“ каде што се вели дека интензивно продолжува патувањето на музиката во дигиталната сфера и дека дури со смарт телефоните и другите мобилни уреди оваа брзина се зголеми неколкукратно. Дигиталните сфери за приближно 10 години ставија крај на 70 годишната доминација на плочите, 55 годишната доминација на касетите и 35 годишната доминација на ЦД’њата во она физичко патување на музиката. 



Слични вести