Турски печат 18.10.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

591761
Турски печат 18.10.2016

Весникот „Хурријет“ на својата насловна излезе со веста под наслов „Анкара на штрек“ каде што пишува дека започна големата операција на коалиционите сили за заземање на Мосул последната тврдина во рацете на терористичката организација ДАЕШ во Ирак. Заедно со започнувањето на операцијата на Мосул и Турција ги зголеми безбедносните мерки на границата со Ирак а исто така се преземени и неопходните мерки на границата пред можноста од појава на нов бегалски бран. Турските вооружени сили (ТВС) ги следат одблизу во текот на 24 часа случувањата во врска со операцијата на Мосул. Турски функционери истакнаа дека во операцијата учествуваат и приближно 2 илјади припадници на силите гардисти на Ниневија кои се обучени од страна на турските војници во кампот Башика. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција нема да сноси одговорност од можните последици до кои би дошло поради операцијата во која ќе ја нема и рече: „Ние ќе бидеме и во операцијата и на преговарачката маса.“

Весникот „Миллијет“ во текстот под наслов „Турски хотел предмет на настава на Харвард“ истакнува дека турскиот хотел Hillside Beach Club стана настава на Бизнис скул на Харвард. Ова школо со својот труд под наслов „Да се даде услуга со искуство за најдобар семеен одмор на Средоземното Море“ ја анализира приказната за успех на турскиот хотел Hillside Beach Club со скоро 99-отсто задоволство на муштериите и со 68-отсто процент на повторно доаѓање што пак претставува пример кој што не се среќава во објекти од овие димензии во светот. Во анализата било разговарано со раководителите на хотелот и муштериите и детално биле анализирани концептот на услуга на хотелот, оригиналните маркетинг приоди и исклучителните системи на управување кои што обезбедуваат одржливост, односно континуитет.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Продолжува масакрот во Алепо, загинаа 95 цивили“ истакнува дека во реализираните воздушни напади во недела и понеделник во градот Алепо во северниот дел на Сирија, во областите кои се наоѓаат под опсада загинаа 95 лица меѓу кои и едно новороденче, а 200 лица беа повредени.  Неџип Енсари, функционер за цивилна одбрана во Алепо истакна дека воени авиони во сопственост на Русија и режимот реализираат напади со различни бомби во Алепо, на областите кои се наоѓаат под контрола на противниците на режимот. Исто така и Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во воздушните напади кои што продолжуваат од 22 септември досега загинаа 430 лица, додека заедно и со последните три напади оваа бројка се зголеми на 515 лица. Советот за надворешни односи на ЕУ ги осуди нападите насочени против цивилите и истакна дека овие напади можат да се окарактеризираат како воено злосторство.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Светот на дизајнот доаѓа во Истанбул“ ги известува своите читатели дека Светот за меѓународен дизајн ќе се состане на Неделата за дизајн на Турција што ќе се одржи од 19 до 23 октомври во Истанбул. Недалата за дизајн на Турција ((Design Week Turkey) ќе започне на 19 октомври во Конгресниот и изложбениот центар Лутфи Кирдар во Истанбул. На манифестацијата со која се има за цел да се состанат дизајнот, индустријата и извозот, да се поттикне творештвото во земјата и да се придонесе кон креирање на мисловна и културна генерација, ќе учествуваат познати домашни и странски дизајнери. На оваа манифестација на која ќе се одржат меѓународни и национални изложби и церемонија на доделување награди, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со канцеларии и училишта за дизајн и со производи кои со дизајнот формираат разлика и за се во врска со дизајнирањето.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Турските серии и оваа година ќе бидат многу барани“ истакнува дека вчера во францускиот град Кан започна Саемот MIPCOM 2016 кој е најголем пазар на телевизиската индустрија во светот. На саемот својот белег го удрија турските серии и играни филмови кои се прикажуваат во 102 земји во светот и соборуваат рекорди по бројот на гледаност. На саемот Истанбулската трговска комора (ИТО)  учествува со национален штанд со површина од 62 квадратни метри и во говорот што го одржа овде претседателот на Истанбулската трговска комора (ИТО) Ибрахим Чаглар рече: „Турските продукции и оваа година ќе бидат многу барани на MIPCOM на кој се продаваат сериски и играни филмови и содржини за забава. Укажувајќи на тоа дека турските серии и продукции во последно време речиси го преокупираа срцето на светот, Ибрахим Чаглар истакна дека во Турција секоја недела се снимаат по приближно 50 серии, дека повеќето од овие серии траат по еден или еден и пол час и дека тоа се скапи продукции.



Слични вести