Турски печат 11.10.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

586959
Турски печат 11.10.2016

Весникот „Хурријет“ на својата насловна страница го објавува текстот под наслов „Историски потпис за Турски тек“ каде што пишува дека претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин вчера во Истанбул по 23-от Светски енергетски конгрес остварија средба во дворецот Мабејн која што траеше приближно еден и пол час. По интензивните разговори двајцата лидери на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот министрите за енергија на двете земји Берат Албајрак и Александар Новак го потпишаа владиниот договор за проектот на гасоводот Турски тек со кој што рускиот гас директно ќе се носи во Турција, а оттука ќе се транспортира за југоисточна Европа.

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Енергетски сојуз“ известува дека на 23-от Светски енергетски конгрес претседателот Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин фрлија потпис на најобемното партнерство помеѓу двете земји. Потписите беа фрлени за проектот Турски тек. Ќе биде забрзан процесот во нуклеарната електрична централа Аккују што ќе ја изгради Русија во Мерсин. Во визите предимство ќе им се придаде на бизнисмените. Русија го укина ограничувањето за турските производи како што се јужното овошје, зеленчукот и земјоделските производи. Двете земји ќе соработуваат во одбранбената сфера. Турција ќе добива понуда и од Русија за системот за вселенска и воздушна одбрана. Русија во визите ќе им придаде предимство на бизнисмените. Освен тоа Русија ќе ја намали цената на природниот гас што го продава на Турција со гасоводот Син тек.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Историски договор“ истакнува дека на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул се случи и едно изненадување. Беше даден старт во проектот Турски тек со кој што се планира рускиот природен гас преку Црното Море да се носи во Турција, а оттаму во Европа. Потписите во проектот Турски тек беа фрлени во присуство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин. Свој потпис во име на Турција стави министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, а во име на Русија министерот за енергија Александар Новак. Претседателот Ердоган нагласи дека енергетската соработка ќе продолжи, додека Путин  рече дека Турција ќе биде доведена во положба на енергетски коридор.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Почит за шехидите, пофалба за турскиот народ“ известува дека лидерите кои учествуваа на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул го осудија предавничкиот обид за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули и истакнаа дека стојат покрај Турција. Рускиот претседател Владимир Путин му честита на турскиот народ кој се испречи против обидот за преврат и ја воспостави контролата, а исто така и посака успех на Турција. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во својот говор рече: „Турција презентираше пример на големо јунаштво, се испречи против обидот за преврат, се сплоти со претседателот Ердоган и излезе успешно од овој тежок испит. Нашето братство со Турција е вечно.“ Венецуелскиот претседател Николас Мадуро пак истакна дека за време на обидот за преврат од 15 јули турскиот народ застана во одбрана на демократијата и напомена дека истата состојба ја доживеа и неговата земја.

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Претприемниците се состанаа во Истанбул“ пишува дека претседателот на Унијата на турските комори и берзи ТОББ Рифат Хисарџиклиоглу во говорот што го одржа на отворањето на финалниот ден од Конференцијата Стартап Истанбул рече: „Истанбул освен како центар само  на големите мултинационални компании може да се позиционира и како центар за стартапите од Азија, Европа и Африка. Стартап Истанбул е првиот чекор Истанбул да стане глобален центар на претприемништвото.“ Потсетувајќи дека Истанбул е домаќин на регионалните центри на голем број мултинационални компании, Хисарџиклиоглу рече: „Мултинационалните компании своите операции во поголем број земји ги водат одовде. Истанбул е бизнис центар на 18-сетата голема економија во светот. Вкупниот обем на странската трговија достигна до 350 милијарди долари. Делот од директната надворешна инвестиција достигна до 170 милијарди долари.“



Слични вести