Турски печат 10.10.2016

Хуријет денес го истакнува насловот „Предавство од 5 тони“

586455
Турски печат 10.10.2016

Весникот Хуријет денес во веста под наслов „Предавство од 5 тони“ известува дека вчера во утринските часови група терористи на ПКК отвориле орган на контролна точка на жандармеријата во Шемдинли кај Хакари по што експлодирале камион полн со експлозив. Во нападот загинале 10 војници и 8 цивили, а 27 биле повредени од кои 11 војници.

Весникот Сабах исто така известува од крвавиот терористички напад во Шемдинли и пишува дека терористичката организација ПКК која трпи тешки удари од армијата изврши терористички напад со возило натоварено со 5 тони експлозив на жандармериска контролна точка. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган после нападот изјави дека терористичката организација ПКК исто како и ФЕТО и ПЈД кои не наидуваат на поддршка кај народот се обидуваат со вакви насилни средства да покажат дека постојат. Премиерот Бинали Јилдирим исто така рече дека терористичката организација ПКК која трпи сериозни порази како последно врши самоубиствени терористички акции. Турските вооружени сили соопштија дека овој последен напад на ПКК е напад извршен со цел да се подигне моралот кај редовите на ПКК кој во последно време е особено опаднат.

Весникот Стар во веста под наслов „Напад на Башика со ирачки топ“ истакнува дека неколку часа по нападот во Шемдинли терористи на ДАЕШ во Ирак со запленет турски топ го нападнале турскиот воен камп во Башика кај Мусул во северот на Ирак.Турските војници веднаш одговориле на нападот уништувајќи ги позициите на ДАЕШ.

Весникот Ватан во веста под наслов „Најцврсто досие во светот “ истакнува дека министерот за правда Бекир Бозгад од 25 ти до 27 ми октомври ќе престојува во САД по повод барањето на Турција за екстрадиција на водачот на терористичката организација ФЕТО Фетулах Ѓулен кој живее во Пенсилванија САД. Досието на Ѓулен во споредба со другите слични е најцврстото во светот. Министерот Боздаг по тој повод одржа средба со новинарите во Анкара.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Енергијата може да биде извор на мирот “ истакнува дека вчера во Истанбул започна 23.Светски енергетски конгрес. На конгресот се обрати министерот за енергија Берат Албајрак кој рече дека основата на енергетската дипломатија е енергијата да се претвори во извор на мирот а не на војната. Се надеваме дека глобалните актери ќе имаат свој придонес во мирно споделување на енергијата во глобални рамки, подвлече министерот Албајрак.



Слични вести