Турски печат 29.09.2016

Хуријет : „Библиотека од 5 милиони наслови во Бештепе“

579316
Турски печат 29.09.2016

Весникот Хуријет во веста под наслов „Библиотека од 5 милиони наслови во Бештепе“ известува дека на свечен начин започна изградбата на новата библиотека во претседателскиот дворец Бештепе во Анкара. Библиотеката  ќе располага со 5 милиони наслови и ќе биде најголемата во Турција. Библиотеката ќе биде отворена за граѓаните. Се предвидува да биде изградена во османлиско-селџучки стил и да биде отворена кон крајот на 2017 година. Во меѓувреме продолжуваат активностите за набавување на книги и други дела  за библиотеката како од земјава така и од светот.

Весникот Ватан во веста под наслов „Тест возење на новата железничка линија Баку-Тбилиси-Карс“ истакнува дека изградбата на новата железничка линија Баку-Тбилиси-Карс е при крај така да наскоро ќе биде реализирано првото тест возење. Гувернерот на Карс Рахми Доган по тој повод изјави дека со реализацијата на новата железничка линија Баку-Тбилиси-Карс ќе се обнови историскиот пат на свилата, а најголемата придобивка од новата пруга ќе биде заживувањето на трговијата од Кина кон Европа и обратно.

Весникот Јени шафак денес истакнува дека, Истанбул кој што чекори на патот кон глобален финансиски центар наскоро ќе воведе новина во банкарскиот систем. Станува збор за партиципиентскиот банкарски систем чија реализација се очекува за до крајот на 2023 година. По тој повод во Борса Истанбул се одржа форум со широко учество на доајените на банкарството во земјава кои дискутираа за начините и условите на воведување на партиципиентскиот банкарски систем во земјава. На форумот беше нагласено дека Турција претставува жив финансиски пазар и дека како таков го привлекува вниманието на странскиот капитал.

Весникот Хабертурк денес го истакнува насловот „Во Јапонија откриена османлиска бакарна монета“.Хабертурк известува дека,во археолошките ископувања во калето Кацурен на островот Окинава во Јапонија меѓу другите откриени експонати биле пронајдени 4 бакарни монети со ликот на византискиот император Константин први од 4. век пред нашата ера, како и 6 метални пари со жиг на османлиска тугра од 17 век. Јапонските историчари сега работат на откривањето како овие пари пристигнале се до островот Окинава кој што се наоѓа во океанот јужно од Јапонија. Инаку калето Кацурен на времето претставувало важна трговска крстосница меѓу Јапонија и Кина, но се уште не биле откриени било какви податоци за тоа дека островот Окинава бил центар и за одвивање на трговијата со Европа.



Слични вести