Турски печат 20.09.2016

Хабертурк денес го истакнува насловот „Турските специјалци ги спасија американските војници“

573458
Турски печат 20.09.2016

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Турските специјалци ги спасија американските војници“ истакнува дека како што изјавил претседателот Реџеп Тајип Ердоган американските специјалци не биле сакани од страна на Слободната сириска армија во Сирија. Претседателот Ердоган во изјавата на аеродромот Ататурк во Истанбул пред заминување за САД рече дека силите на Слободната сириска армија која е опозиција ги избркале американските специјални единици во воените операции против ДАЕШ. Нашите специјалци спасија 30 американски војници. За операцијата Штитот на Еуфрат ни рекоа дека најверојатно ќе потрае 3-4 месеци но ние работата ја завршивме за само 15 дена. Ни рекоа дека сме биле во право,а ние им велиме,тоа што сме во право не ни носи ништо, туку треба да ги слушате нашите совети бидејќи ние го познаваме регионот.

Весникот Ватан во веста под наслов „ТИКАД лобира за Турција во САД“ известува дека ТИКАД-здружение на турските деловни жени приредува конференција во Њујорк во рамките на неделата на ОН. Конференцијата носи наслов „Турција во раст,демократија во развој“и ќе се одржи на 22 септември. На конференцијата ќе учествуваат познати американски новинари, писатели и академици и бизнисмени, како и претставници на граѓански и тинк танк здруженија. Почесен гостин на конференцијата ќе биде претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Весникот Стар известува дека меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул за само еден ден постигна рекорд на сите времиња. Последниот ден од празникот Курбан Бајрам во неделата 18 септември на меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул слетаа или полетаа 1 500 авиони, што претставува рекорд на сите времиња. На надворешните линии беа евидентирани 513 полетувања и 506 слетувања а на домашните линии 236 полетувања и 245 слетувања.Бројот на патниците кои дента на 18 септември поминаа низ аеродромот Ататурк во Истанбул изнесуваше 210 572.Инаку меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул е еден од најфреквентните во Европа и како таков собори сопствен рекорд во неделата на 18 септември. Последниот рекорд кој го забележа овој аеродром беше евидентиран на 9 септември годинава кога од и на аеродромот полетаа и слетаа 1478 авиони.

Весникот Хуријет известува дека Кула кај Маниса е град познат по леблебијата во Турција. Претседателот на кооперативот на производители и извозници на леблебии Ибрахим Карџи истакнува дека годишно во Кула се произведуваат 2 400 тони леблебии. Во последните години побарувачката секојдневно расте така да ќе одиме на пораст на производството. Поголемиот дел од леблебиите произведени во Кула се пласираат на пазарите на Блискиот исток и во Европа. Во последно време постои голем интерес во Грција каде најмногу се продаваат леблебии во амбалажа и тоа во маркетите.



Слични вести