Турски печат 09.09.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

568208
Турски печат 09.09.2016

Весникот „Стар“ на својата насловна страница ја објави веста под наслов „Крајно сте значајни за НАТО“ каде што информира дека претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера во вечерните часови го прими во претседателската палата во Бештепе во Анкара генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. На приемот Столтенберг рече: „Оваа моја посета е доказ дека Турција е крајно значаен сојузник за НАТО.“

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Земете го Обама дајте ни го Ердоган“ истакнува дека светски познатиот американски економист Артур Лафер кој е познат како „татко на економијата со тренд на понудувачка“ на покана на Турско-Американскиот деловен форум на Советот за надворешно економски односи ДЕИК допатува во посета на Турција. Артур Лафер пред семинарот на кој учествуваше во Анкара за печатот го изјави следното: „Ако сакате да видите лоша економија дојдете во САД. Ви ги доставувам следниот предлог: „Земете го Обама, дајте ни го Ердоган“. Работите кои што ги реализирате во Турција и по прашањето на одданочувањето и по прашањето на приватизација заслужуваат аплаузи. Ако продолжите вака вашиот економски просперитет ќе оствари значаен раст.“

Весникот „Сабах“  во текстот под наслов „На изложба 12 метарската благодарница испратена до Законодавецот“ истакнува дека од страна на Институтот Јунус Емре на 450-годишнината од смртта на Султанот Сулејман законодавецот во унгарскиот главен град Будимпешта е отворена изложба на минијатура и фотографии насловена како „Султан Сулејман Законодавецот: Срцето кое остана во Унгарија“. Во рамките на изложбата за прв пат се изложува фотографијата на 12 метарската благодарница која што му била испратена на Османлискиот султан Сулејман Законодавецот по изградбата на водоводната мрежа за Мека.

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „Филмот кус, мигрантството долго“ истакнува дека со цел да се привлече вниманието кон проблемите на жените мигранти беше организиран натпревар за кусометражен филм по име „Кус филм, долго влијание“. За првото место на овој натпревар ќе се додели награда од 15 илјади турски лири (приближно 5.000 долари), за второто место 10 илјади турски лири (приближно 3.300 долари), а за третото место 5 илјади турски лири (приближно 1.700 долари). Заинтересираните за учество на натпреварот можат да се обратат на адресата kisafilmplatformu.org најдоцна до 5 декември 2016.

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Во Орду 2.100 годишна статуа на  мајката божица Кибеле“ информира дека на Калето Курул во градот Орду, како едно од првите археолошки ископувања во Источно-црноморската област е пронајдена статуа на мајката божица Кибеле како седи на својот престол од мермер, тешка приближно 200 килограми и висока 110 сантиметри, изградена од мермер, за која се претпоставува дека датира од пред 2.100 години. Оваа статуа за која се вели дека е со непроценлива вредност извесно време ќе остане на своето место, а потоа по испитувањата на надлежните ќе биде однесена во музејот во градот Орду.



Слични вести