Турски печат 29.08.2016

Весникот Ватан денес го истакнува насловот „Тие ќе бегаат ние ќе ги бркаме“

561172
Турски печат 29.08.2016

Весникот Ватан во веста под наслов „Тие ќе бегаат ние ќе ги бркаме“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на говорот на митингот во Газиантеп рече дека терористите кои свадбата на 20 август ја претворија во крваво езеро скапо ќе платат за ова крвопролевање. Претседателот ердоган се обрати до граѓаните на Газиантеп кои беа собрани на градскиот плоштад „15 јули плоштад на демократијата“. Турција не се предаде на терористичките организации и нема да се предаде.Целта на терористичкиот напади на 20 август во Газиантеп беше предизвикување раздор меѓу граѓаните,но како што и самите гледате не успееја во нивната подла намера.Нема да им дозволиме да сеат раздор меѓу нас,туку ќе го исушиме нивниот корен.До вчера терористите ние се закануваа, а сега тие бегаат а ние ги бркаме, додаде претседателот Ердоган.

Весникот Хуријет во веста под наслов „ЕУ направија грешка после обидот за воен удар“ истакнува дека поранешниот шведски министер за надворешни работи Карл Билдт ја критикуваше Европа после обидот за воен удар во Турција велејќи дека Европа погреши во проценките. Билдт неделава ќе допатува во посета на анкара со делегација од ЕЦФР Европски совет за надворешни односи. Посетата требаше да се реализира наесен но се помести за понапред поради случувањата во Турција,додаде Билдт.

Весникот Стар пишува дека Министерот за храна,земјоделие и сточарство Фарук Челик изјави дека ќе се отвори бела страница во трговските односи со Русија.Нагласувајќи дека претстои нов и поволен период во трговските односи со Русија министерот Челик рече дека наскоро ќе започне интензивен извоз на турски прехрамбени производи на рускиот пазар.Челик и додаде :убеден сум во тоа дека во претстојниот период кога на пазарите ќе се појават разните видови на јужно овошје ќе дојде до аголемен извоз на овие продукти на рускиот пазар.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „ 700 000 Руси ќе допатуваат со чартер летови“ известува дека според премиерот на Русија Дмитрој Медведев владата потпиша уредба за обновување на чартер летовите за Турција, така да до крајот на оваа летна туристичка сезона во Турција се очекува да допатуваат околу 700 000 туристи од Русија.



Слични вести