Турски печат 11.08.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

549684
Турски печат 11.08.2016

Весникот „Сабах“ на својата насловна страница ја објавува веста под наслов „Дојдете сите заедно“ каде што пишува дека после 27 дена синоќа беше ставено крај на дежурствата за чување на демократијата кои што започнаа по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

Откако се слушна дека претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ќе се состане со народот во претседателската палата илјадници Анкарчани дојдоа пред претседателската палата. Претседателот Ердоган од поставената бина пред почесната порта на претседателската палата им се обрати на граѓаните на ова последно дежурање за чување на демократијата. Велејќи дека со овој голем митинг се прекинуваат дежурствата за чување на демократијата на терористичките организации им се обрати со зборовите: „Дежурството за предавство го остава ФЕТО, од неа го презема ПКК, таа го остава, од неа го презема ДЕШ. Тие заедно ќе бидат уништени во ова нивно дежурање за предавство. ПКК, ФЕТО, ДЕАШ, ПЈД дојдете сите заедно. Со Аллахова помош не ќе можете да ја надминете силата на овој народ.“

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Луди Турци со верба“ исто така им одделува место на зборовите на претседателот Ердоган на синоќешниот последен митинг за дежурство за чување на демократијата пред претседателската палата во Бештепе. Нагласувајќи дека се гордее со народот кој ноќта на 15 јули неустрашливо ги сопре тенковите, Ердоган со емотивни чувства ги спомена жртвите-шехиди на 15 јули. Претседателот Ердоган за јунаците кои се испречија со голи гради пред тенковите го употреби изразот „Луди Турци со верба“ и рече: „Овој народ треба да се бакнува од челото. Овој народ не може да се опише со зборови. Нели велат ’Луди Турци’, но за овој народ може да се каже дека се „Луди Турци со верба“. Тие така се испречија. Овој народ знае многу добро што направи, како го направи и зошто го направи тоа.“

Весникот „Ватан“ го објавува текстот под наслов „Западот е фатен на дело“ им одделува место на зборовите на премиерот Бинали Јилдирим кој вчера во владиниот дворец на Чанкаја се состана со членовите на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) и во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека по обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО некои пријателски земји ги обзеде зачуденост. Нагласувајќи дека сите земји беа фатени на дело, премиерот Јилдирим рече: „Сите заедно како народ се кренавме на нозе и елиминиравме една голема неволја. Уништивме едно големо туторство. Разбивме една организација која сееше раздор меѓу нашите граѓани.“

Весникот „Стар“ во текстот под наслов: „Предавничката ПКК повторно во акција: 11 шехиди“ истакнува дека терористите на ПКК кои по неуспешниот обид за воен удар на терористичката организација ФЕТО ги засилија нападите реализираа напад со поставена експлозивна направа на патот во населеното место Улудере во округот Ширнак и животот го загубија четворица војници. Овие предавници во градот Дијарбакир измасакрираа 5 цивили, во градот Тунџели еден техничар, а во градот Мардин еден полицаец.

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „Ќе биде испратено барање за дезертерите во Дедагач“ пишува дека започна процесот за предавање на Турција во врска со 8 војници-пучисти кои наредниот ден по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули избегаа со хеликоптер во Дедеагач (денешен Александрополис) во соседна Грција. Републичкото главно јавно обвинителство на Истанбул барањето за предавање на Турција на 8-те дезертери-пучисти кои со хеликоптер Скорски во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС) пребегаа во Грција го испратија до Генералната дирекција за меѓународни правни и надворешни односи при министерството за правда од чија страна ќе им биде доставено на грчките надлежни органи. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со еден припадник на терористичката организација ФЕТО кој се обратил за политички азил во Бугарија истакна дека барањето на ова лице било одбиено и дека бугарските надлежни органи донеле одлука за негово предавање така да ќе биде донесено во Турција.



Слични вести