Турски печат 01/08/2016

Хабертурк „Повторно се воспоставува рамнотежата цивили-војска„

542218
Турски печат 01/08/2016

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Повторно се воспоставува рамнотежата цивили-војска„ известува дека настапува период на преоформување на односите меѓу цивилниот и воениот дел од општеството. До оваа промена неминовно дојде после неуспешниот обид за воен удар ноќта на 15 јули. Според најновите промени Генералштабот на турските вооружени сили во идндина ќе биде под надлежност на Министерството за национална одбрана, воедно ќе се затворат сите воени образовни установи. На нивно место ќе се отвори нова едукативна воена установа наречена Универзитет за национална одбрана. Новини се предвидуваат и за составот на Врховниот воен совет. Во иднина во советот ќе членуваат и државни функционери -цивили меѓу кои 10 членови од владата. Советот ќе брои вкупно 14 члена од кои 10 владини функционери и 4 високи офицери на армијата.

Весникот Хуријет во веста под наслов „Пучистите по телефон побарале еден американски генерал“ известува дека пучистите кои го киднапирале началникот на генералштабот на турските вооружени сили генерал на армија Хулуси Акар  ноќта на 15 јули за време на обидот за воен удар, по телефон го побарале американскиот генерал,воедно началник на генералштабот Џозеф Данфорд, јавува американскиот информативен интернет портал Базфид. Надлежните во американскиот генералштаб кои одговориле на повикот не сакале да го пробудат началникот Данфорд и им рекле на пучистите дека генералот Данфорд во моментот не е достапен и ја спуштиле слушалката.

Весникот Сабах во веста под наслов „Митинг за чување на демократијата во срцето на Европа“ известува дека околу 80 000 Турци кои живеат во Европа вчера се собраа во Келн на митингот за чување на демократијата. И покрај пречките со кои што се соочија Турците сепак се собраа на плоштадот предвиден за митингот во Келн претставувајќи пример за тоа како се чува демократијата во една земја. Анкара остро реагираше на одлуката на германските власти кои не му дозволија на претседателот Ердоган преку видео порака во живо да им се обрати на насобраните на митингот. Тоа предизвика реакции во стилот : ете каква е демократијата на овие арогантни луѓе“. Пораката на претседателот Ердоган беше прочитана од бината.

Весникот Ватан во веста под наслов „Демократски пораки преку печатот“ известува дека Здружението на турските индустријалци ТУСИАД  објави проглас под наслов „Како се штити уставниот поредок и демократијата во Турција“ во неколку светски весници и тоа во Фајненшл Тајмс, потоа во Ле Монд, Вашингтон Пост и Фракнфуртер Алегемајне Цајтунг.

Весникот Јени шафак во веста под наслов „ Во над 20 земји ќе биде раскажано за тоа како беше изведен неуспешниот обид за воен удар“ истакнува дека по растот на информациите профилирани во различни медиуми ширум светот на штета на Турција, владејачката Партија за правда и обнова покрена акција за вистинско информирање на светот за Турција во ноќта на обидот за воен удар и деновите кои што подоцна проследија. Се предвидува да се состават неколку делегации кои ќе отпатуваат во странство каде ќе информираат за обидот за воен удар, за тоа кој стои зад него ,кои му беа целите, се со цел да се престане со ширење дезинформации за Турција.

 



Слични вести