Турски печат 21.07.2016

Јени Шафак „ Утринскиот езан го прочита врховниот командант“

534215
Турски печат 21.07.2016

Прегледот на денешниот турски печат го започнуваме со весникот  Хабертурк кој што во веста под наслов „ Победата на мирната сила на 15 јули“ пишува дека, претседателот Реџеп Тајип Ердоган се покажа како вистински лидер ноќта на 15 јули во екот на обидот за воен пуч. Ердоган успеа да ја спаси земјата од страшниот обид за воен удар со својот мирен став. Во текот на тие судбоносни мигови претседателот Ердоган понекогаш беше мирен,понекогаш лут но скоро никогаш без контрола успешно ја водеше земјата таа судбоносна ноќ. Претставниците на сите политички партии исто така беа едногласни во оценката дека и владата таа судбоносна ноќ на 15 јули достојно ја извршуваше својата должност, решително и смело.

Весникот Сабах во веста под наслов „Никој да не шири лажни информации за суштината на вонредната состојба„ пишува дека во светот има голем број примери на воведување на вонредна состојба и тоа особено во последно време кога на светската безбедност и се закануваат терористички организации како што се Ел Каиде и ДЕАШ. Најнов пример е примерот на Франција после терористичкиот напад на 13 ноември 2015 година во Париз. Француските власти веднаш после нападот прогласија вонредна состојба во земјата која ќе трае 14 месеци. Еден друг пример е примерот во САД кога претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во Јужна Каролина после страотниот удар на торнадото Јоакин минатиот октомври.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Фич, темелите на турските банки се цврсти“ пишува дека директорот за истражување на меѓународната агенција за рејтинг Фич Џејмс Ватсон истакна дека и покрај неуспешниот обид за воен удар во Турција, темелите на турските банки се цврсти и најави дека кредитната оценка на Турција ќе ја соопштат на 19 август. Инаку Фич во изјавата непосредно по неуспешно реализираниот обид за пуч во петокот во Турција имаше изјавено дека ,евентуалните импликации на инцидентот врз кредитната оценка на Турција ќе зависат од понатамошните економски и политички случувања.



Слични вести