Турски печат 12.07.2016

Стар денес го истакнува насловот „Турција зазеде цврст став,ЕУ се повлече“

527726
Турски печат 12.07.2016

Весникот Стар денес го истакнува насловот „Турција зазеде цврст став,ЕУ се повлече“ известува дека, Турција презентира цврст став во однос на барањето на Европската унија за измена на дефиницијата на тероризмот во земјата, како услов за воведување безвизен режим за турските граѓани во земјите од евро зоната. Турција во сите контакти со Европската унија јасно стави до знаење дека тоа нема да го направи , така да конечно од унијата пристигна сигнал дека ставот на Турција во однос на прашањето е разбирлив. Ова го истакна Димитрис Аврамопулос, европски комесар за внатрешни работи.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Нормализирањето на односите со Русија ќе обезбеди 10 милијарди долари“ известува дека пристигнуваат првите позитивни сигнали од стопанските кругови после нормализирањето на односите на земјава со Русија. Стопанствениците задоволно истакнуваат дека нормализирањето на односите со Русија поволно ќе се одрази како на трговијата, така и на туризмот и на енергијата и тоа изразено во долари околу 10 милијарди долари.

Весникот Сабах во веста под наслов „ Солзите за Сребреница не престануваат“ истакнува дека и покрај тоа што поминаа 21 година од војната во Босна и Херцеговина, солзите за масовно убиените 8 372 невини Босанци и понатаму течат. Овие невини луѓе беа жртви на најголемиот масакр после Втората светска војна во Босна и Херцеговина и во Европа. Годинава на комеморацијата во Поточари присуствуваше министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу кој во говорот рече дека светот не треба да ја заборави оваа трагедија.

Весникот Хабертурк известува од 40. состанок на Комитетот за светското наследство на УНЕСКО што се одржува во Истанбул во Конгресниот центар и вели дека вториот ден од состанокот беше објавена Истанбулската декларација во која се нагласува потребата од итно ангажирање на заинтересираните земји за обезбедување на финансиски и човечки извори заради зачувување на светското културно наследство. Турција на овој состанок ја истакна својата одлука за пружање финансиска поддршка на УНЕСКО, соопшти министерот за култура и туризам Наби Авџи, кој рече дека Турција во иднина својот удел во финансирањето на активностите на УНЕСКО двојно ќе го зголеми.

Како што истакнува весникот Хуријет постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко изјавил за рускиот телевизиски канал Росија 24 дека нормализирањето на односите меѓу Москва и Анкара предизвика релаксација во НАТО. Очигледно дека НАТО претрпе непријатно изненадување после заладувањето на односите на Русија со Турција, така да сега после нивното нормализирање многу му олесна на НАТО.

 



Слични вести