Турски печат 11.07.2016

Јени шафак „ Голема паника во редовите на ПКК“

527129
Турски печат 11.07.2016

Весникот  Сабах во веста под наслов „ Домашните производи предничат во одбранбената индустрија“ истакнува дека  домашното производство за 60 насто ја намали потребата за странски производи на турската одбранбена индустрија.Тоа го потврдува извештајот на Друштвото на производители на стоки за одбраната и водухопловството (САСАД) каде што се вели дека увозот на странски производи за одбраната се намали за 21 насто во споредба со минатата 2015 година и тоа за 1 милијарда 67 милиони долари .

Весникот Јени шафак во веста под наслов „ Голема паника во редовите на ПКК“ известува дека како резултат на големите успеси на Турција во борбата против тероризмот терористичката организација ПКК доживува тешки денови. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека ПКК повеќе не може да ја крие оваа вистина. Се повеќе има случаи на дезертирање од редовите на ПКК, се појавуваат разијдувања во ставовите и кавги меѓу челниците па дури и меѓусебни пресметки. Од радио позивите на ПКК се дознава дека оваа крвава терористичка организација не се воздржува од убивање на деца.

Стар во веста под наслов „ Настаните во САД не одат на добро“ известува за судирот меѓу американската полиција и црнците во САД. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган не ја крие загриженоста за овие судири. Според податоците на претседателот Ердоган во последните 7 месеци загинале 560 цивили во Америка. Претседателот Ердоган рече: однесувањето на американската полиција кон црнците е неприфатливо. Ги легнуваат на земја, им ставаат лисици на рацете и потоа пукаат на нив.Тоа никако не може да се објасни.

Весникот Ватан известува дека малиот остров Авша во Мраморното море беше преплавено од туристи на Бајрам. На овој остров кој се смета за природна реткост за 9 дена колку што траеше празникот Бајрам до последно место беа исполнети плажите,хотелите и пансионите со туристи претежно од Истанбул. Жителите на Авша се презадоволни од големата посетеност и додаваат дека очекуваат тоа да трае се до првите есенски денови.

Турција освои 4 златни, 5 сребрени и 3 бронзени медали на Европскиот атлетски шампионат што се одржува во Амстердам,Холандија, известува весникот Хуријет.Турција во екипен пласман се пласира на четвртото место на првенството. Историски успех на ова првенство постигна турските маратонки кои освоија 12 медали како во поединечна така и во екипна конкуренција.



Слични вести