Турски печат 23.06.2016

Сабах денес го истакнува насловот „Дволична Европа,Критика за Турција,молк за Франција“.

516504
Турски печат 23.06.2016

Весникот Сабах денес го истакнува насловот „Дволична Европа,Критика за Турција,молк за Франција“.Сабах пишува дека Европа која крева врева за секоја интервенција на турските безбедносни сили против терористите, молчи и се прави како да не гледа на интервенцијата на француската полиција кон демонстрантите. Властите  првин донесоа забрана на најавените синдикални протести во Париз а потоа истата ја ограничија. Западните медиуми се правеа како воопшто да не гледаат што се случува во Франција, дури и престижната ББС извештајот од синдикалните протести во Франција не го стави на насловната страница. Лондонски Гардијан се задоволи само со кус новински извештај на интернет порталот а американски СНН известуваше само за туристички атракции во Париз. Белгиски Дерниер исто така извештајот од Париз не го постави на насловната страница.

Весникот Стар денес го истакнува насловот „ Пропаста наречена ПЈД“ Весникот известува дека, терористичката организација ПЈД во Сирија која е продолжена рака на ПКК во Турција и која ја има поддршката на САД, Русија и дел од членките на НАТО претрпува големи загуби во воените операции во Рака и Менбич во Сирија. Проектот наречен ПЈД се е поблиску до крајот. Сириските Курди кои живеат во северот на земјата се повеќе се дистанцираат од зулумите на терористичката организација ПЈД и во групи се приклонуваат кон властите под Барзани во Северен Ирак.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Турски проекти за Газа“ известува дека, после турско-израелските преговори закажани за 26 јуни годинава за кои се очекува са резултираат со нормализирање на односите меѓу двете земји се очекува исто така да дојде до реализација на неколку турски проекти во Газа, како што се проектите за електрификација, инфраструктура, обнова на џамиите,болниците, училиштата и други објекти.

Весникот Јени шафак пишува денеска дека Турксат започна со пружање на интернет сервисот наречен Турксат Нет преку сателитот Турксат 4Б кој минатата година беше лансиран во вселената. Сега со помош на овој нов сервис ќе се има интернет пристап и до непристапните средини како што се рудници, градилишта и други места.

„Започнаа бајрамските попусти“ е насловот што го истакнува денешен Ватан. Весникот пишува дека во пресрет на празникот Рамазан Бајрам од денес започна големиот попуст во трговскиот центар Експо во населбата Јешилќој во Истанбул. Попустот на аутлет производи ќе трае до 16 јули а со него ќе бидат опфатени сите видови на производи почнувајќи од конфекција, обувки,чанти, техника, бела техника, мебел, сувенири, накит, рачни часовници, наочари, книги, козметика,чоколади и бонбони и други кондиторски производи, храна, пијалоци, предмети за домаќинството и друго. Се очекува посетеност од над милион посетители ,истакнуваат надлежните одговорни за организацијата на големиот бајрамски попуст.



Слични вести