Турски печат 09.06.2016

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

507191
Турски печат 09.06.2016

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Договор за соработка во воздухопловството меѓу Турција и ЕУ“ истакнува дека започнуваат преговорите за потпишување сеопфатен договор во воздухопловниот сектор меѓу Турција и ЕУ. Една од основните причини за постигнување меѓу Турција и ЕУ на ниво на ЕУ е фактот дека Турција како земја која влезе меѓу земјите со најголем патнички капацитет во воздухопловниот сектор и е еден од најзначајните регионални актери во воздухопловството, исто така е земја која бележи најдинамичен, најстратешки и најбрз пораст во Европа. Со постигнувањето на договорите се предвидува да се обезбедат нови вработувања, нови авионски линии и подобри услуги за патниците.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Почнуваат консултациите со германските компании“ истакнува дека по усвојувањето на предлогот за наводниот геноцид од страна на Сојузното собрание на Германија, се фрла значаен чекор во трговските односи меѓу Турција и Германија. Турската економска бирократија во претстојните денови ќе се состане со претставниците на германските компании во Турција и ќе ја упати пораката за изразување на поддршката на Турција поради што ќе се бара да бидат проактивни. Економските актери на страните ќе одржат консултативни состаноци. Германските компании во Турција истакнаа дека се на страната на Турција во однос на наводните тврдења за ерменскиот геноцид.

Весникот „Јени шафак“  во веста под наслов „Пријателска рака од Турција на Намибија“ истакнува дека по големите масакри кои ги изврши Германија на почетокот на 1900 те години во Намибија, Турција ја зголеми помошта. Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Намибија започна програма за рурален развој „Народот Сан (Бушмани)“.  Постепено се остваруваат планираните инфраструктурни проекти. До народот на Сан беше обезбеден пристап по 400 км од главниот град и на луѓето им беше доставена помош во храна, облека, канцелариски материјали и други потреби.

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Ја намаливме стапката на долгот“ ја објавува изјавата на потпретседателот на владата Мехмет Шимшек кој во освртот на економијата рече дека глобалниот долг во светот е многу висок и дека се забележува пад на продуктивноста во светот. Кога ќе погледнеме на светот, можеме да видиме дека во некои места расте екстремната десница, а во некои екстремната левица. Иако се говори за реформи, за жал истите не се остваруваат, рече Шимшек и потенцираше дека стапките на задолжување на Турција во споредба со светиот се ниски. Ги интензивираме напорите за намалување на стапката на тековниот дефицит. Со зајакнување на интеграцијата со ЕУ, Турција со остварување на реформите може да постигне позитивно разградување од глобалната економија.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Новина од Турски Телеком во светот“ истакнува дека во рамките на проектот Ѓунишиги (Дневната светлина), Турски Телеком која беше прва компанија во светот во својата сфера, ја усоврши оваа апликација и на тој начин започна еден нов период в образованието за оние со слаб вид. Апликацијата беше усовршена со цел функционално да се развие способноста за вид и координацијата меѓу рацете и очите. Апликацијата на трите различни игри “Дневна светлина“ имаат по 20 етапи и функционира на мобилните, веб и виндоус платфиормите. Играта се подготвува на турски и англиски јазик и беше дизајнирана за сите деца со слаб вид во светот.



Слични вести