Турски печат 06.06.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

504797
Турски печат 06.06.2016

Весникот „Јени Шафак“ на својата насловна страница го објавува текстот под наслов „Немојте да ги заборавете загрозените“ каде што им одделува место на изјавите на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека во месецот на постот Рамазан султанот на 11-те месеци треба повеќе да  се потсетува на загрозените и изнемоштените и упати повик да не се запаѓа во луксузност. Нагласувајќи дека Рамазан освен со неговите духовни вредности е од посебно значење и за потсетување на одговорностите, претседателот Ердоган напомена дека да се израдуваат загрозените и изнемоштените со доставување помош до нив ќе значи искористување и поминување на Рамазан онака како што треба. Претседателот Ердоган рече: „Рамазан не е да го оставиме гладен нашиот стомак, туку колку што е можно повеќе да ги нахраниме нашето срце и нашата духовност. На тој начин се обезбедува духовната заситеност.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов: „Реакција од ерменските граѓани против Германија“ истакнува дека ерменските граѓани кои живеат во градот Кастамону во Турција покажале реакција на усвојувањето на резолуцијата од страна на Германија со која се поддржуваат ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година. Ерменците истакнале дека ова што го прави Германија е бесрамност и рекле дека овие тврдења се невистинити. Освен тоа ерменските граѓани истакнале дека не го сметаат за правилно тоа што Ерменија ги окупира азербејџанските територии и рекле: „Ние не ги признаваме овие тврдења. Нашите дедовци и татковци секогаш живееја овде. Ние не слушнавме такво нешто.“

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Берат Албајрак: Турција е мошне значаен актер во својот регион и светот“ ги известува своите читатели дека министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак кој говорел на самитот на млада Турција истакнал дека со почетокот на 21-от век економската и политичката конјуктура во светот е поместена на друго место и дека треба да се биде свесен за тоа. Нагласувајќи дека Турција одигрува мошне значајна улога во регионот во кој се наоѓа и во глобални рамки, Берат Албајрак подвлекол дека Турција во последните 12-13 години изнесе една извонредна приказна за успех.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Што ќе стане со извинувањето за нашите загинати пилоти“ пишува дека Русија застанува во одбрана на извинување за нејзиниот соборен авион кој го прекрши турскиот воздушен простор и за нормализирање на односите, меѓутоа не го споменува извинувањето за двајцата загинати турски пилоти кои се наоѓаа во хеликоптерот соборен со руска ракета која и е дадена на терористичката организација ПКК. Дипломатски извори привлекуваат внимание дека во врска со соборувањето на турскиот хеликоптер во населеното место Чукурџа во округот Хаќќари и загинувањето на двајца пилоти Русија на својата домашна јавност и вели „Се одмаздивме за нашиот соборен авион и за загинатиот пилот.“

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „Пливање за мир и пријателство од Меис до Каш“ истакнува дека на Меѓународниот натпревар во пливање од Меис до Каш кој што оваа година се одржува по 12-ти пат 212 пливачи пливаа за мир и пријателство од грчкиот остров Меис до населеното место Каш кај Анталија. Турската репрезентативна пливачка Нилај Еркал која минатата година го постигна најдобриот резултат во историјата на натпреварот, оваа година својот резултат го подобри уште за приближно 4 минути. Наградите на успешните пливачи на натпреварот им беа доделени со церемонија.



Слични вести