Турски печат 03.06.2016

Стар „Низ улиците на Нусајбин одекнува националната химна“

503413
Турски печат 03.06.2016

Весникот Ватан во денешното издание се осврнува на реакциите во земјава по повод усвојувањето на резолуцијата од страна на германскиот парламент со која ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година се оценуваат како геноцид и вели дека реакциите на Турција беа остри и жестоки. Министерството за надворешни работи на Турција во официјалното соопштение истакна дека резолуцијата е типичен пример на незнаење и непочитување на правото. Очигледно дека зад оваа резолуција се крие траумата на Германија за извршените геноциди од Најроби до Холокаустот, и дека за Турција оваа резолуција е сосема безначајна.

Весникот Стар во веста под наслов „Низ улиците на Нусајбин одекнува националната химна“ истакнува дека, околу 97 насто од градот е исчистен од терористи,мини, експлозивни материјали, дека се затрупани рововите и дека животот полека започнува да се нормализира. Денеска градот осамна со звуците на државната химна.

Весникот Јени шафак наскоро кон семејството на компаниите во составот на турската одбранбена индустрија ќе се придружат уште 15 нови компании од информатичкиот сектор, со што комплетно ќе се модернизираат компаниите од оваа значајна гранка на турската индустрија.

Весникот Хабертурк истакнува дека професор доктор Угур Шахин кој живее и работи во Германија и кој е познат истражувач на ракот неодамна ја откри новата метода во борбата против канцерогените клетки и ја нарече Тројански коњ.Методата досега била тестирана кај тројца добровилни пациенти кај кои било забележано смалување на обемот на заразената клетка . Професор доктор Шахин изјавил дека неговите очекувања од оваа метода се големи и дека наскоро со помош на оваа нова метода ракот универзално ќе може да се излекува.

 



Слични вести