Турски печат 17.05.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

492291
Турски печат 17.05.2016

Весникот „Хабертурк“ го објавува текстот под наслов „Сакам да приредам концерт во Турција“ каде што им одделува место на изјавите на кримската татарска пејачка Џамала за весникот која на натпреварот за Избор на песна на Евровизија на кој ја претставуваше Украина го освои првото место со песната „1944“ во која се раскажува за кримските Татари кои беа насилно протерани од своите родни места. Џамала истакна дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја побарал по телефон и и честитал за победата, а воедно ја поканил да дојде во Турција. Велејќи дека во првата укажана прилика ќе дојде во Турција и ќе го посети претседателот Ердоган, кримската татарска пејачка Џамала рече: „Сакам да приредам концерт во Турција. Сакам да им пеам на Татарите во Турција. Би сакала да ги слушнам нивните животни приказни.“

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Армијата против ДЕАШ наиде на пречка поради инсистирањето на САД во ПЈД“ истакнува дека големата армија за која што се планираше да биде формирана за борба против терористичката организација ДЕАШ во Сирија наиде на пречка поради инсистирањето на САД во ПЈД, сирискиот продолжеток на терористичката организација ПКК. Разговорите беа блокирани поради тоа што САД сакаа во армијата поддржана од страна на над 20 опозициски групи во Сирија да учествува и терористичката организација ПЈД. Во северниот дел на Алепо за водење борба против ДЕАШ беше формирана Северната армија „Џејш еш-Шимал“ составена од 30 илјади лица. Армијата формирана под команда на еден опозиционен бригаден генерал кој ја напуштил армијата на Асад ќе биде поддржана од над 20 вооружени опозициони групи.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Чворот го одврзе Турската авиокомпанија ТХЈ“ истакнува дека кон мрежата на дестинации на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) е приклучена и Атланта која се оценуваше како точка на чвор во САД. Вчера Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ги започна редовните директни летови од аеродромот Ататурк во Истанбул за меѓународниот аеродром Хартсфилд Џексон во Атланта во САД, кој се оценува како најпрометен аеродром во светот според бројот на патници. Туркиш Ерлајнс како глобална авиокомпанија која реализира најголем број летови во светот, освен тоа преку Истанбул како центар за трансфер реализира летови за приближно 300 дестинации во над 100 земји во светот.

„План за заеднички промотивни активности со Иран во туризмот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“ каде што се вели дека се зголемува соработката во економската сфера со Иран кој се спаси од ембаргата. Според веста министерот за култура и туризам Махир Унал направи проценка на резултатот од неговата неодамнешна посета на Иран која што ја оствари заедно со група инвеститори. Велејќи дека е значајно да се оформи инфраструктурата во туризмот на Иран и прашањето за меѓусебна соработка, министерот Унал истакна дека ваквиот проект претходно беше ставен во примена со Грција и дека во тие рамки  ќе се реализираат заеднички промотивни активности со Иран во Мардин, Ван и Шанлиурфа со што туристите ќе можат да се движат во еден поширок простор.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „На фестивалот во Газа прикажани 66 филмови“ ги известува своите читатели дека деновиве кога во светот се говори за Филмскиот фестивал во Кан во Франција филмски фестивал се одржа и во Газа која се наоѓа под израелска блокада. На вториот Филмски фестивал за човекови права во Газа кој што започна во четвртокот минатата недела и траеше во текот на 5 дена беа прикажани 12 филмови, 17 документарци, 30 краткометражни филмови и 7 цртани филмови. Весникот додава дека филмскиот фестивал во Газа се одржа под мотото „Сакаме да дишеме“.



Слични вести