Турски печат 16.05.2016

Денешен Сабах известува дека иљадници Палестинци во Газа маршираа во знак на одбележување на 68 годишнина од Големата катастрофа

491724
Турски печат 16.05.2016

Ослонувајќи се на фотографски снимки на терористичката организација ДЕАШ весникот Јени Шафак ја обелоденува размената на оружје и муниција меѓу силите на режимот во Сирија и Русија. ДЕАШ складира оружје и муниција во северот на Алепо. Оружјето без било какви пречки било запленето. Оружјето и муницијата натоварени на големи камиони го поминале растојанието од над 200 км без пречки и тоа пред очите на силите на Асад, Иран, Русија и меѓународната коалиција.Транспортот се одвивал 48 часа а оружјето и муницијата било наменето за борбите во северот на Алепо.

Весникот Ватан известува дека во Нусајбин се чисти теренот од експлозиви поставени од страна на терористите на ПКК. Силите за безбедност во една куќа во Нусајбин откриле рачно изработен експлозив поставен под папучи, кој да не бил откриен ќе предизвикал смрт на неколку војници или полицајци.

Весникот Хуријет во денешното издание пишува дека министрите за одбрана на Турција, Азербејџан и Грузија на состанокот што вчера се одржа во азербејџанскиот град Гебеле потпишале заедничка декларација која претставува почеток на идната воена соработка меѓу трите соседни земји. Турција на состанокот ја претстави министерот за национална одбрана Исмет Јилмаз. Министерот Јилмаз по состанокот изјави дека Ерменија не може да продолжи со својата агресивна политика и не може да постигне ништо со методите на агресија и окупација.

Денешен Сабах известува дека иљадници Палестинци во Газа маршираа во знак на одбележување на 68 годишнина од Големата катастрофа, протерувањето на Палестинците во 1948 година. Палестинците секоја година 14 мај го слават како Ден на големата катастрофа во знак на сеќавање на протерувањето иљадниците Палестинци од страна на израелските војски на 14 мај 1948 година.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Паника поради терористички напад во Кан“ известува дека, презентацијата на една компанија на интернет со командоски униформи со црни знамиња во рацете предизвика вистинска паника деновиве во Кан каде се одржува Меѓународниот кански филмски фестивал. Паниката била смирена откога се дознало дека се работи за реклама на компанијата за обезбедување.



Слични вести