Турски печат 12.05.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

489385
Турски печат 12.05.2016

Весникот „Хурријет“ го објавува текстот под наслов „Истап од Командантот: ПЈД-ПКК се терористички“ каде што пишува дека началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар во говорот што го одржа вчера на отворањето на 10-тата конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји што се одржува во Истанбул рече: „ПЈД/ЈПГ која делува во Сирија се појави како продолжеток на терористичката организација ПКК. Врската и соработката на овие две организации е сосема јасна. Оваа состојба е призната од страна на поголемиот дел на светот и меѓународните организации. Додека ПКК од една страна ги убива недолжните луѓе, од друга страна се обидува да се стекне со легитимитет во меѓународната јавност.“

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Поставуваат мини на границата“ истакнува дека по прекуграничната интервенција на командоските единици-бордо беретки на Командата на специјалните сили на Генералштабот во последните денови, од страна на терористичката организација ДЕАШ пристигна потег со поставување мини на границата. Така терористичката ДЕАШ од неделата досега почна да поставува мини во областите кои што ги држи под своја контрола долж границата. Против можноста од изненадна воена интервенција на Турција на просторот од околу 50 километри веднаш наспроти градот Килис беа поставени мини. Во меѓувреме е воспоставена и врска помеѓу терористичката организација ДЕАШ и ПЈД која делува во Сирија како продолжеток терористичката организација ПКК. Согласно тоа е отворен трговски коридор помеѓу селото Кефер Насих кај Азез кое се наоѓа под контрола на ДЕАШ и селото Ахраз кое е заземено од страна на терористичката организација ПЈД од рацете на опозиционерите.

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Платениците на Путин овојпат во Украина“ истакнува дека како што се наведува Русија со посредство на една приватна фирма за обезбедување за која пак не постои законска основа во Русија, располага со платени војници во Сирија и во Украина. Според веста на германскиот весник „Велт“, платените војници на една приватна фирма за обезбедување по име „Вагнер“ кои војуваат во редовите на силите лојални на режимот на Асад во Сирија, војуваат и во редовите на проруските сепаратисти во градот Луханск во Украина.

„Турција ќе стане база во производството на лекови“ гласи насловот на страниците на весникот „Стар“ каде што меѓу другото се вели дека од 1 до 3 јуни во Истанбул по трет пат ќе се одржи најголемиот саем за лекови на Евроазија и Конференцијата CPhl Istanbul 2016. На саемот се очекува да учествуваат повеќе од 200 фирми од над 25 земји во светот, а исто така се очекува да го посетат и повеќе од 4.500 посетители од над 40 земји ширум светот. На тој начин весникот „Стар“ констатира дека Турција планира да стане база за производство на лекови и за истражување и развој во регионот во кој се наоѓа.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „70-отсто од Турција се состои од потесни семејства“ истакнува дека Турскиот институт за статистика ТУИК ги соопшти статистичките податоци за градбата на семејството во 2015 година. Со овој труд специјалните видови на домаќинства за прв пат се истражувани ослонувајќи се на административни регистри. Така Турција во која преовладуваа претежно  пошироки семејства постепено почна да се преобразува во земја составена од потесни семејства кои што се состојат од мајка-татко и дете или деца.



Слични вести