Турски печат 09.05.2016

Хуријет,продолжуваат реакциите по изјавата на претседателот Ердоган

486930
Турски печат 09.05.2016

Весникот Хуријет во веста под наслов „Продолжуваат реакциите по изјавата на претседателот Ердоган“ истакнува дека, претседателот Реџеп Тајип Ердоган на условот на Европската заедница за измени во законот за борба против тероризмот како одговор на укинување на визниот режим меѓу Турција и членките на унијата, одговори дека тоа не е можно да се реализира во услови на постојана закана од тероризмот. Хуријет во продолжение известува дека во Германија се повеќе се вжештува атмосферата околу имигрантите, така да често доаѓа до судири меѓу Неонацистите и либералите. Хуријет предвидува дека овие судири ќе ескалираат и ќе се прошират на цела Европа во следниот период.

Весникот Јени Шафак известува дека Турција наскоро ќе одговори на заканите од терористичката организација ПЈД инаку огранок на терористичката организација ПКК во Сирија. Армијата постави неколку ракетни фрлачи Обус на височините и ридовите спроти Африн и Кобани.Турција ќе одговори на секој истрел истрелан од сириска страна. Постојат сериозни докази за тоа дека ПЈД ја снабдува ПКК со оружје и терористи преку населбата Камишли, додава Јени Шафак.

Весникот Стар во веста под наслов „Се повеќе милионери во Турција“ истакнува дека пристигнуваат оптимистички вести од економскиот сектор. Споредено со првиот квартал од 2012 година кога 46 695 граѓани имале над 1 милион турски лири на своите банкарски сметки, годинава нивниот број се искачи на 94 529 лица. Податоците ги објави Советот за надзор на банките.

Хабертурк пишува дека според Трипадвајзер Истанбул веднаш после Лондон е најмногу посетен светски град од десетте кои што се на списокот на најмногу посетени светски градови. Истанбул ги привлекува туристите пред се поради својата историја, култура, забава, ноќен живот, кујна и бродските тури.

Весникот Сабах пишува дека една домашна компанија со седиште во Анкара произведува реквизити за паркови,спортски терени и зелени површини и како таква ги опремува парковите како во земјава така и во 63 земји ширум светот. Компанијата активно вработува околу 400 лица и се наоѓа на второто место во Европа како сектор. Компанијата Парк Кент моментално е ориентираната кон американскиот пазар, поточно кон уредување на парковите,спортските терени и зелени површини во градот Хјустон.



Слични вести