Турски печат 05.05.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

484554
Турски печат 05.05.2016

Весникот „Сабах“ го објавува текстот под наслов „Се отвори Европската врата без виза“ каде што пишува дека Европската комисија усвои препорака во која се бара најдоцна до крајот на јуни да бидат укинати визите за турските граѓани. Оваа одлука во својство на препорака во која се нагласува дека Турција исполни 67 од потребни 72 критериуми ќе биде доставена на одобрување на Европскиот парламент и Европскиот совет. По овие фази официјално ќе започне периодот на безвизно патување за турските граѓани во земјите на ЕУ. Турските граѓани ќе можат да престојуваат без виза до 90 дена во 26 земји членки на ЕУ и 3 градови држави. Министерот за ЕУ Волкан Бозкир истакна дека нема да биде ставена во примена измената во Законот за борба против тероризмот кој се наоѓа меѓу критериумите кои што треба да се исполнат за визна либерализација со ЕУ. Бозкир рече: „Од аспект на политиката и совеста не е можно да се направи една таква измена.“

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „ПКК е убиец колку ДЕАШ“ истакнува дека Турција започна дипломатска акција против земјите кои во борбата против терористичката организација ДЕАШ наместо со легитимната опозиција на Сирија презентираат заеднички став со ПЈД која е продолжеток на терористичката организација ПКК. Во тие рамки Турција ќе ја изнесе „сличноста во делување“ на ПЈД и ДЕАШ. Анкара освен до САД и Европа ќе ги изнесе следните примери и до муслиманските земји: Под еден; И ПЈД и ДЕАШ мртвите тела на опозиционерите ги става во камиони и ги покажува пред народот. Под два; И двете органзиации ги масакрираат цивилите со бомбаши-самоубијци и реализираат напади со возила-бомби. И под три; ДЕАШ истрелува ракети Катјуша врз Килис, а истите ракети се користат и од страна на ПКК во југоисточно-анадолската област. 

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „По шест години е добиено одобрение за канцеларијата на Израел во НАТО“ пишува дека Анкара му направи гест на Израел во НАТО и одобри Израел да отвори свое постојано претставништво во НАТО во белгискиот главен град Брисел. Барањето на Израел за отворање свое претставништво во НАТО по случајот со нападот на израелските војници врз хуманитарниот брод Мави Мармара  во 2010 година во кој беа убиени 9 турски граѓани, беше суспендирано поради поставеното вето од страна на Анкара. По случајот со Мави Мармара Турција стави вето и на учеството на Израел на заедничките воени маневри на НАТО. Во меѓувреме во рамките на активностите за нормализирање на турско-израелските односи функционерите на двете земји ќе се состават уште еднаш кон средината на овој месец.

„Јаде за ’Храбра Франција’“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“ каде што се вели дека по Барак Обама првиот претседател-црнец на САД овојпат во Франција една жена-политичарка црнец ја истакна својата кандидатура за претседателските избори што ќе се одржат во мај 2017 година. Рама Јаде, која инаку е муслиманка родум од Сенегал дипломира политички науки во Париз вели: „Повторно со истите актери се одигрува истиот лош театар. Сонувам за Франција во која се реализираат политиките со народните движења кои што изискуваат политичка храброст. Со таа цел го започнав независното движење ’Храбра Франција’. Јаде истакна дека уште од сега достигнале до 50 илјади членови од различни политички групи. Рама Јаде се појави на дневен ред кога за време на посетата на либискиот лидер Муамер Гадафи на Париз во 2007 година рече „Франција не е бришалка на која што Гадафи може да ги избрише своите чевли.“  Во тие денови Рама Јаде беше министерка одговорна за човекови права. Тогашниот француски претседател Никола Сакрози кој во тоа време беше во добри односи со Гадафи и се налути на Јаде врз која изврши притисок да поднесе оставка од министерската функција и за се кандидира за изборите за Европскиот парламент.

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Сега пак 3Д мозаик“ ги известува своите читатели дека по „скелет“ мозаикот кој што беше пронајден за време на работите за градење на лифт во градот Хатај се пронајдени нови мозаици кои што датираат од пред 2.000 години. Згора на тоа овие мозаици се тродимензионални и на некои се наоѓа потпис на уметникот од чија страна биле изработени. Така на пример на еден мозаик од пред 1.800 години се насликани Калиопа која е самовила на епот и инспирацијата за поезија во митологијата и Хесиодос. Облеката на самовилата на инспирацијата изгледа многу блиска до модата денеска и таа со нејзината облека чизмите и шапката како да е самовила на инспирацијата на модата.



Слични вести