Турски печат 03.05.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

483086
Турски печат 03.05.2016

Весникот „Јени Шафак“ го објавува текстот под наслов „Турција денеска ќе го изгласа во Собранието и последниот од 72-та неопходни критериуми за стекнување на своите граѓани со право на безвизно патување во земјите на ЕУ, после 36 години. Сега погледите се свртени кон Европската комисија која утре ќе го соопшти извештајот во однос на тоа дали Турција ги исполнила неопходните услови за визна либерализација. Турција изразува уверување дека утрешниот последен извештај на ЕУ ќе биде позитивен.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Предлог од иранскиот министер до Турција: Заедно да произведеме автомобил“ истакнува дека почна да се затоплува трговијата помеѓу Иран кој се спаси од ембаргата и Турција. Истанбулската индустриска комора (ИСО) првата надворешна делегациска посета во својата историја ја реализира на Иран. Претседателот на Управниот одбор на Истанбулската индустриска комора (ИСО) Ердал Бахчиван кој во придружба на 70 члена делегација замина за Техеран оствари специјална средба со иранските министри за технологија и индустрија, додека турските фирми водеа билатерални разговори со 202 ирански фирми. Иранскиот министер за индустрија, руди и трговија Мохаммад Реза Нематзадех истакна дека можат да бидат реализирани нови соработки помеѓу двете земји и рече: „Со партнерство од  по 50-отсто можеме да дизајнираме нов заеднички автомобил и да го извезуваме во светот.“

„Приказна за Ќелоглан од Џудит Либерман“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“ каде што се вели дека јунакот од приказните Ќелоглан, кој со неговата практична интелигенција, храброста и добрината е сакан од страна на децата во рамките на проектот на министерството за култура и туризам „Приказни на патот кон Лидија“ се роди наново од моливот на француската раскажувачка на приказни Џудит Либерман. Во рамките на проектот Џудит Либерман заедно и со турскиот јунак од приказните Ќелоглан напиша 5 приказни и овие приказни за време на нејзиното патување од 9 до 14 мај ќе им ги раскаже на странските новинари, светски познатите блогери и корисниците на Инстаграм. Низ различните маршрути од патувањето ќе бидат снимени куси видеа на приказните кои што ќе ги раскаже Џудит Либерман и овие видеа ќе се споделат преку каналите на социјалните медиуми на Турција со наслови „Приказни на патот кон Ликија“ и „Анадолски приказни“.

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „Прстенот турски дизајн“ ги известува своите читатели дека светски познатата пејачка Бијонсе освен со нејзината нова песна „Лимонада“ (Lemonade) која се наоѓа на врвот на музичките листи се прочу и со снимениот клип. Еден детал во клибот го привлече вниманието на нејзините турски слушатели вљубеници во модата. Американската ѕвезда во нејзиниот клип носи прстен на турскиот дизајнер Милка Караагачли. Сличен прстен во монограм во облик на латиничната буква „B“ претходно беше виден на прстот и на Мадона.

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Чакир ќе свири и во Рио“ пишува дека турскиот судија на ФИФА Џунејт Чакир ќе суди и на фудбалските натпревари на Олимписките игри 2016 чиј домаќин ќе биде бразилскиот град Рио де Жанеиро. На тој начин успешниот турски судија Џунејт Чакир по фудбалските мечеви на значајни организации како Европското првенство, Светското клубско првенство на ФИФА и Лигата на шампионите ќе суди и на Олимпијадите.



Слични вести