Криза поради забранети знамиња на годинашното издание на Евросонг во Стокхолм

Подготвениот список со забранети знамиња од страна на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) предизвика реакции

482461
Криза поради забранети знамиња на годинашното издание на Евросонг во Стокхолм

Криза поради забранети знамиња на годинашното 61-во натпреварување за избор на песна на Евровизија.

Подготвениот список со забранети знамиња од страна на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) предизвика реакции.

Со образложение дека не се државни знамиња во списокот на забранети знамиња на натпреварот за избор на песна на Евровизија беа ставени знамињата на Палестина, кримските Татари,Турската Република Северен Кипар (ТРС) и Баскија.

Згора на тоа овие знамиња беа ставени во истиот список во кој е внесено и знамето на терористичката организација ДЕАШ.

Веднаш по соопштувањето на овој список со знамиња од страна на Управниот одбор на Евровизија  не задоцни и реакцијата на Палестина која е призната од страна на 135 земји членки на ЕУ и од страна на Шведска која е домаќин на годинашниот Евросонг.

Еден висок палестински функционер истакна дека претседателот на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) Жан Пол Филипо треба да им се извини на 11 милиони Палестинци.

По овие реакции функционери на Евровизија наведуваат дека списокот за кој станува збор нема да биде објавен и дека засега е во фаза на нацрт.

61-вото издание за избор на песна на Евровизија ќе се одржи овој месец (мај) во главниот град на Шведска, Стокхолм.

Турција поради неправдата во системот на гласање од 2013 година не учествува на натпреварите за избор на песна на Евровизија.



Слични вести