Турски печат 28.04.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

479976
Турски печат 28.04.2016

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Една милијарда долари со Хрватска“ пишува дека претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој говореше на Хрватско-турскиот бизнис форум во Загреб истакна дека обемот на трговската соработка помеѓу двете земји кој што во 2006 година изнесуваше 270 милијарди долари сега и покрај кризите е зголемен на приближно 355 милиони долари и дека целта е да се покачи на една милијарда долари. Претседателот Ердоган кој на бизнис форумот учествуваше заедно со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, изрази уверување дека Турција и Хрватска се одлучни да ги постават здравите темели за во иднина.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Испареа 800 милиони долари на ДЕАШ“ ги известува своите читатели дека авионите на коалиционите сили предводени од САД ги бомбардираа магацините со пари готовина на терористичката организација ДЕАШ и дека притоа беа уништени 800 милиони долари на организацијата. Американскиот генерал мајор Питер Герстен на задача во Багдад, истакна дека само во магацините во Мусул биле уништени 150 милиони долари и биле уништени пари готовина во вкупен износ од 800 милиони долари. Генерал мајор Герстен изјавил за „BBC“ дека постои пораст од 90-отсто во бројот на оние кои бегаат од терористичката организација и дека некои милитанти бегаат облечени во женска облека обидувајќи се да се измешаат меѓу бегалците. Истиот американски воен функционер напомена дека бројот на лицата кои и се приклучуваат на ДЕАШ од 2.000 месечно опадна дури до 200 лица.

Весникот „Хабертурк“ на своите страници го објавува текстот под наслов „Познатите музичари се подготвуваат да предаваат настава по музика во камповите во кои престојуваат Сиријците“.

Во веста се вели дека Сојузот на музичари и композитори во кој членуваат голем број познати турски пејачи како Таркан, Теоман, Јалин, Сезен Аксу, Кенан Догулу, Ѓоксел, Сердар Ортач, Ѓулшен, Атена, Грипин, Ханде Јенер и други, подготви проект за настава по музика во камповите во кои се сместени Сиријците. Во однос на прашањето е информиран и премиерот Ахмет Давутоглу. Во склопот на овој проект секоја недела по еден пејач ќе предава настава по музика во камповите во кои се сместени Сиријците кои бегајќи од граѓанската војна во нивната земја се засолнаа во Турција. Како пилот град за проектот е избран Килис кој што во последно време станува цел на ракетни напади од сириска страна на границата. Проектот потоа ќе се применува и во другите градови.

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Галатасарај европски шампион“ истакнува дека Галатасарај Одеабанк во синоќешниот реванш натпревар од финалната серија во Еврокупот го по победи француски Стразбур со резултат од 78:67 и стана европски шампион. Галатасарај кој пехарот на Еврокупот го однесе во својот музеј ја освои првата европска шампионска титула во кошарка за мажи и го запиша своето име во историјата.

„Гение кој живее е Хокинг“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ каде што се истакнува дека Џанан Дагдевирен, гордоста на Турција во САД која е прва избрана личност за член на Младата академија на Харвард, го угости светски познатиот професор по физика Стивен Хокинг во Harvard Society. Притоа Џана Дагдевирен му го претстави на Хокинг новиот уред кој што го развила за него, кој боледува од АЛС и својот живот го продолжува во инвалидска количка. Дагдевирен преку својата Твитер сметка ја споделила и фотографијата сликана заедно со познатиот физичар. Најзначаен изум на Џанан Дагдевирен е батеријата за срце наменета за оние кои имаат слабо срце. Дагдевирен претходно разви и уред кој што за само 10 секунди поставува дијагноза на рак на кожата. Овој уред во моментов се употребува во голем број центри.



Слични вести