Турски печат 22.04.2016

Весникот Хуријет : „ Ќе зајакне поддршката на НАТО“

476036
Турски печат 22.04.2016

Весникот Хуријет во веста под наслов „ Ќе зајакне поддршката на НАТО“ пишува дека Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг после официјалните контакти со претседателот Реџеп Тајип Ердоган,премиерот Ахмет Давутоглу и министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во интервју за истиот весник вели дека во разговорите станало збор за воспоставување зона за забранети летови долж турско-сириската граница. НАТО директно не е инволвиран во ситуацијата и додаде дека ќе продолжи поддршката на алијансата на Турција и во делот што се однесува на напнатоста на границата и во делот што се однесува на безбедноста на градот Килис.

Весникот Јени Шафак во веста под наслов „Го испекоа лебот на мирот“ известува дека, деновиве во Турција престојуваат 125 деца од 12 земји на празникот на детето 23 април. Децата во Истанбул присуствуваа на манифестацијата „Да го испечеме лебот на мирот“. Дел од лепчињата кои ги испекоа децата како симболи на братството и мирот ќе им бидат испратени на претседателот Барак Обама, на канцеларката Ангела Меркел и на низа други светски лидери .

Весникот Сабах во веста „Ќе пристигнат светски ѕвезди“ пишува дека по повод меѓународниот саем Експо чија тема годинава е „Детето и цвеќето“ деновиве во Анталија, инаку домаќин на оваа светска манифестација се очекува да допатуваат низа светски ѕвезди како што се Марун, Дип Парпл, Скорпионс, Мус, Стинг, Шон Пол, Симпли Ред, УБ40, Статус Кво и другите. Финалниот концерт ќе се одржи на 7 септември со настапот на Ди Дејвид Гуета.

Весникот Хабертурк известува дека познатиот турски шопинг центар Мол оф Истанбул ја доби првата награда на Меѓународната асоцијација на трговски центри , и тоа за најдобар трговски центар во светот. Наградата беше доделена на посебна свеченост во Милано, Италија. Инаку трговскиот центар Мол оф Истанбул кој постои само 2 години, функционира со 6 500 вработени и со циркулација од околу 30 милиони купувачи претставува голем потенцијал за развој како на туризмот така и на трговијата на мало и големо, културата и уметноста.

„Сликата на младиот султан Осман ја купи Турција„ е насловот кој што го истакнува денешен Ватан. Весникот известува дека сликата во масло на која се прикажува седнувањето на престолот на младиот турски Султан Осман 2. На 26 февруари 1618 година ја купи Министерството за култура и туризам на земјава на аукцијата што се одржа во Лондон на тема „ Исламска уметност“. Министерството за оваа многу значајна слика за турската историја даде 430 000 фунти. Авторот на сликата е непознат се знае само дека сликата ја насликал сликарот на Австриската монархија чиј амбасадор присуствувал на церемонијата во Топкапи Сарајот тој ден.



Слични вести