Турски печат 21.04.2016

еве ги поважните настани за кои известуваат денешните турски весници

475239
Турски печат 21.04.2016

Весникот Сабах објавува делови од освртот на полскиот министер Варзиковски под наслов „Со воодушевување ја следиме Турција“ . Барзиковски во освртот посветен на Турција и на турско-полските односи истакнува: Турција и Полска кои негуваат дипломатски односи над 600 години постигнуваат големи успеси во соработката во политичките односи што без исклучок претставува позитивен пример за целиот свет. Турција беше земјата која во 1831 година го основа селото Полско село веднаш после востанието во Полска. Во ова село кое и денес го носи истото име тогаш биле сместени полските војници. Полските граѓани денес се сеќаваат на овој гест на турскиот народ. Денес со воодушевување го следиме сето она што го прави Турција на планот на прифаќање и сместување на бегалците од Сирија. Заради решавање на бегалската криза одвоивме околу 3 милиони евра во фондот на регионалната соработка на ЕУ. Освен тоа Поска финансиски се вклучи во договорот потпишан на 18 март а кој исто така се однесува на бегалската криза. Изразуваме спремност да правиме се што е во наша можност за да и помогнеме на Турција во решавањето на бегалската криза.

Весникот Јени Шафак објавува интервју со Мустафа Абдулџемил Киримоглу лидер на кримските Татари. Тој во интервјуто нашироко зборува за методите на насилство на руските власти над кримските Татари по анексијата на Крим кон Русија и вели дека во последните 2 години руската полиција насилно упаднала во над 200 домови на татарите, во неколку џамии и училишта каде се школуваат татарски ученици. Во Крим се е под контрола на Русија.После окупацијата на Крим од страна на Русија животот на Татарите стана мошне тежок,како да сме во пеколот. Не водејќи сметка за тоа што кажуваат другите Русија прави се по нејзино,така да се додека трае окупацијата на Крим не може да стане збор за човекови права подвлекува Киримоглу за весникот Јени Шафак.

Весникот Стар пишува дека, лекар муслиман успеал да го излекува словачкиот премиер Роберт Фико кок е познат по своето антимуслиманско однесување. Премиерот Фико пред една недела бил префрлен во болница поради проблеми со срцето каде го лекувал познатиот кардиолог Монги Мсоли по потекло од Тунис. Мсоли во Чехословачка пристигнал како имигрант а по распадот на земјата останува да живее во Братислава и да работи во словачкиот национален институт за срцеви заболувања.

„Млад Турчин прогласен за херој во Холандија“ е насловот кој што го истакнува денешен Милијет. Младиот Турчин Кемал Абиш успеал да го спаси животот на една жена која сакајќи да се самоубие се фрлила пред воз во градот Нијмеген во Холандија. Абиш во последен час ја спасил жената. Сега градските власти тргнале во потрага по Абиш за да му доделат плакета за заслуга.

Весникот Ватан пишува дека годишната награда за наука Вехби Коч ја доби професор доктор Камил Угурбил кој во медицинските кругови е познат како човек кој ги откри тајните на мозокот. Професор Угурбил користејки се со најновите методи на магнетска резонанса успеа да ги открие причините за болестите како што се алзајмерот и депресијата.



Слични вести