Турски печат 15.04.2016

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган до лидерите на исламските земји кои допатуваа во Истанбул по повод 13-от самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) ги достави следните четири предлози

471561
Турски печат 15.04.2016

Весникот „Хурријет“ го објавува текстот под наслов „Четири предлози од Ердоган до исламскиот свет“ каде што пишува дека претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган до лидерите на исламските земји кои допатуваа во Истанбул по повод 13-от самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) ги достави следните четири предлози:

Под еден: Да се формира Центар за полициска соработка и координација со седиште во Истанбул

Под два: Во Истанбул редовно да се состанува конференција за жените

Под три: Меѓу исламските земји да се формира заедничка хуманитарна организација Кизилај (црвена полумесечина) која ќе стапи во акција при елементарни непогоди и итни состојби

Под четири: Да се формира систем на арбитража за глобалното економско функционирање во седиште во Истанбул.

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Предупредување до Ватикан во врска со ДЕАШ“ истакнува дека турските разузнавачки служби кои водат активности за дешифрирање на меѓународните терористички активности дојдоа до информации околу тоа дека терористичката организација ДЕАШ ќе реализира обид за напад врз центарот на католичкиот свет Ватикан. Официјална Анкара овие разузнавачки информации ги сподели со Ватикан, а исто така се дознава дека терористичката ДЕАШ се подготвува за напад и во главниот град на Германија, Берлин.

Весникот „Сабах“ на својата насловна страница го објавува текстот под наслов „Започна одбројувањето за Арапско-турскиот самит“ каде што меѓу другото ги известува своите читатели дека на 23 и 24 април во Истанбул ќе се одржи 10-от саем за недвижнини и Арапско-турскиот самит. На овој саем кој што се одржува веќе 10 години ќе учествуваат над 52-ве фирми. Арапскиот свет во последно рвеме се ориентира кон купување на недвижнини во Турција така што на истиот саем минатата година учествуваа 12.478 претставници на секторот, инвеститори и професионалци. Весникот „Сабах“ констатира дека на овој саем ќе се разговара за општиот поглед кон секторот на недвижнини во Турција, на арапската географија и во светот, можностите во секторот на недвижнини и за иднината на овој сектор.

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Довербата кон Турција ја покажа со инвестирање“ истакнува дека компанијата Мицубиши електрик која со технологијата на автоматизација во проектот Мармарај и дава поддршка на Турција сега со инвестиција во износ од 176 милиони турски лири (приближно 61,6 милиони долари) во градот Маниса во егејската област ќе изгради фабрика за уреди за климатизација за домаќинствата и ладење. Така претседателот на Мицубиши електрик за Турција Масахиро Фужисава вели дека Турција е доверлива земја и го истакнува следното: „Јас верувам дека Турција со нејзината географска местоположба, младото население и потенцијалот на раст е земја која нуди голем број предности. Така и ние имаме за цел да ги ставиме во услуга неопходната технологија и знаења, а со цел Турција како земја во подем да ги постигне своите високи економски цели.“ Фужисава подвлече дека заедно со изградбата на фабриката во Маниса Турција ќе стане значајна база за производство.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Турчинот кој трага по тајната на младоста“ пишува дека сопственикот на биотехнолошка фирма во САД турскиот бизнисмен Осман Кибар се најде на насловната страница на светски познатото економско списание „Форбс“. Во веста под наслов „Дали овој човек може да го сопре процесот на стареење“ се вели дека Осман Кибар, основачот и извршен директор на биотехнолошката фирма Самумед со седиште во Сан Диего чија вредност се проценува на некаде околу 12 милијарди долари има за цел да го сопре процесот на стареење. Во веста се истакнува дека Осман Кибар се прикажува како надеж за вечна младост.


Слични вести