Турски печат 01.04.2016

Ватан денес го истакнува насловот „Погледнете го вистинското лице на ПКК“

462712
Турски печат 01.04.2016

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по терористичкиот напад синоќа во Дијарбакир го повика светот да го види вистинското лице на терористичката организација ПКК. Претседателот Ердоган кој престојува во Вашингтон на Самитот за нуклеарна безбедност во реакцијата после нападот во Дијарбакир рече дека ПКК во западот се смета за добра само затоа што ја напаѓа ДЕАШ што е неприфатливо за нас.

Весникот Сабах денес го истакнува насловот „ Каква е оваа слобода?“. И Сабах ја објавува истата изјава на претседателот Ердоган кој упати остра критика на адреса на Белгија каде и покрај последниот терористички напад терористите се уште слободно се шетаат по улица.

Весникот Стар во веста под наслов „Прво возило без возач произведено во Турција“ истакнува дека првото возило без возач дизајнирано и произведено во фабриката за автомобили Тофаш во Турција го заврши пробното возење. Автомобилот без возач со помош на компјутер и камери се усмерува и ја прилагодува брзината на начин што го следни возилото кое што се движи пред него.

Весникот Хабертурк известува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој деновиве престојува во Вашингтон на Самитот за нуклеарна безбедност ја користи секоја прилика да ги повика американските бизнисмени да инвестираат во Турција. Апелот на претседателот Ердоган не остана без одговор така што компанијата Вестингхаус за производство за електрични апарати најави дека е заинтересирана заедно со својот кинески партнер да вложи 20 милијарди долари во изградба на трета нуклеарна централа во Турција.

Весникот Јени шафак истакнува дека Турција се најде на четвртото место на списокот на најбрзо растечките земји. Весникот додава дека и покрај бранувањата на пазарот и политичката неизвесност која ја одбележа 2015 година ,година кога во Турција се одржаа два избори,земјава забележа вкупен раст од над 4 насто.



Слични вести