Турски печат 28.03.2016

Стар „Белгија гнездото на бараните терористи“

459618
Турски печат 28.03.2016

Весникот Стар во веста под наслов „Белгија гнездото на бараните терористи“ истакнува дека според членот на Европскиот парламент Озан Џејхун земјите како што се Бегија, Германија, Франција и Холандија се полни со терористи кои што се бараат од страна на турските власти. Ставот на Белгија кон терористите фрла сенка на сите европски ставови во врска со тероризмот. Да не се срамат би и дале кралски орден на Фехрије Ердал извршителот на атентатот врз турскиот бизнисмен Оздемир Сабанџи. За жал Брисел како главен град на Европската унија се претвори во вистинско терористичко гнездо, подвлекува европратеникот Џејхун.

Весникот Јени шафак во веста под наслов „ДЕАШ ја доби улогата негативен Ислам„. Јени шафак истакнува дека поранешниот потпретседател на владата Емрулах Ишлер вниманието го привлекува кон центрите кои сакаат Исламот да го поистоветат со тероризмот. ДЕАШ е плод на средините кои го поддржуваат режимот во Сирија. Во 70 'тите години од минатиот век Исламот силно се ширеше во Европа и се сметаше за религија која го пропагира мирот. После тоа се појави ДЕАШ кој што сосема ги измени овие сфаќања за Исламот бидејќи преку ДЕАШ Исламот се настојува да се прикажува како религија која пропагира тероризам . Муслиманските земји се претворија во средини на хаос и нестабилност, а во истовреме се спречи ширењето на Исламот на Запад. ДЕАШ многу добро ја игра улогата на негативен ислам која му ја скорија западните земји, подвлекува Ергин за весникот Јени шафак.

Весникот Сабах пишува дека во услови на глобална криза Турција и понатаму доживува економски раст и висок процент на вработување. Во последните 6 години во Турција беа вработени 6 милиони лица што претставува вистински рекорд досега. Агенцијата за вработување на Турција планира до крајот на годинава да бидат вработени 1 милион невработени. Министерот за обнова Џевдет Јилмаз изјави дека турската економија ќе се движи во позитивен правец а паралелно со тоа ќе се забележи и раст во вработувањето.

Весникот Хабертурк објавува интервју со Хамад ел Хедфа директор на Мазаја Катар една од покрупните катарски компании за недвижнини кој вели дека цените на недвижнините во Турција се пониски од цените во повеќето европски земји, така што нема шанси да загуби инвеститорот кој што ќе вложува во турскиот сектор на недвижнини. Ова особено се однесува на Истанбул, подвлекува Хамад ел Хедфа.



Слични вести