Турски печат 22.03.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

455857
Турски печат 22.03.2016

Весникот „Хурријет“ го објавува текстот под наслов „Ајде Асја израдувај не“ каде што пишува дека се чека радосна вест од дво и пол годишната Асја која беше тешко повредена во самоубиствениот напад на улицата Истиклал во Истанбул на 19 март во претпладневните часови во сабота во кој животот го загубија четири лица, а 39 лица беа повредени. До малата Асја која по операциите на мозокот и очите е успиена пристигнуваат голем број пораки вели весникот и истакнува дека во терористичкиот напад биле тешко повредени и нејзиниот татко и нејзината мајка. Во едната од тие пораки до малата Асја се вели следното: „Наша единствена Асја израдувај не. Ќе ти купиме играчки и нова бебешка количка.“ Една 10 годишна ученичка исто така во писмото напишано до малата Асја истакнува: „Јас сум Нергис. Можеби сум мала, но моето срце е огромно. Проклет да е тероризмот веќе. Зошто умираат луѓето? Веќе да не умираат.“

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Дијарбакир не дозволи“ истакнува дека народот и на паркот Невруз во градот Дијарбакир и ја наплатија сметката на Демократската партија на народите (ХДП) која оставајќи го настана мирот своите надежи ги поврза за ископаните ровови и поставените барикади. Граѓаните необрнувајќи им внимание на провокациите и заканите на Демократската партија на народите (ХДП) и терористичката организација ПКК го направија и својот избор. Граѓаните не одговорија на повикот на оваа партија и според податоците на полицијата на паркот Невруз во населеното место Баглар во Дијарбакир на кој минатата година дојдоа 500 илјади лица, оваа година се собраа само 15 илјади лица.

Весникот „Хабертурк“ истакнува дека министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак денеска ќе замине во посета на Кина каде што ќе оствари разговори за соработка во сферата на енергијата и ќе ја повика оваа земја за инвестирање во Турција. Во веста се истакнува дека посетата на министерот Албајрак која ќе се состои од три дела од кои првиот дел ќе биде остварен на Пекинг ќе започне денеска и ќе трае до 25 март. Министерот Берат Албајрак во Пекинг ќе го прошета Центарот за енергија на ветарж ќе се состане со најзначајните фирми на енергија на ветар на светот, а исто така ќе оствари разговори и со Кинеската банка за развој и некои финансиски институции, ќе ги информира своите кинески соговорници за безбедната средина на инвестирање во Турција и ќе упати повик до инвеститорите во оваа земја за инвестирање во Турција. Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак последниот дел од посетата на Пекинг ќе се состане со кинеските гиганти за јаглен и овие фирми ќе ги покани на инвестирање во Турција и на склучување партнерства во оваа сфера.

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „На местото на Ф-16'сетките домашен и национален ФХ“ им одделува место на изјавите на потсекретарот за одбранбена индустрија Демир во врска со трускиот домашен и национален воен авион ФХ. Демир рекол: „Добивме лекција од Ф-16'сетките нема да соработуваме со оние кои нема да ни достават целосен технолошки трансфер. Во 2019 година ќе заврши дизајнот, а во 2023 година ќе биде произведен прототипот. Задоцнивме но ќе научиме да произведуваме авион.“

Весникот „Ватан“ во текстот под наслов „Специјално прикажување на авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ“ ги известува своите читатели дека во Њујорк беше одржана премиерата на филмот „Бетмен и Супермен“ чиј главен спонзор е Турската авиокомпанија ТХЈ. Филмот кој ќе почне да се прикажува на 25 март по кината ќе биде прикажан во авионите на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).



Слични вести