Турски печат 21.03.2016

Ватан денес го истакнува следниот наслов „ Нови санкции над ПКК во ЕУ“

455037
Турски печат 21.03.2016

Весникот Ватан во веста под наслов „ Нови санкции над ПКК во ЕУ“ истакнува дека договорот што го постигнаа Турција и Европската унија за решавање на бегалската криза ќе го отвори патот за наметнување санкции над терористичката организација ПКК во Европа. Експертите проценуваат дека како резултат на тоа организацијата ќе слабее. После веста за тоа дека последниот терористички напад во Анкара беше дело на ТАК крило на ПКК ,се повеќе ќе се стеснуваат полињата на активност на ПКК во Европа.

Весникот Јени Шафак во веста под наслов „Американците заинтересирани за турската национална пушта“ известува дека САД, Чиле и Азербејџан биле заинтересирани за купување на турската национална пешадиска пушка МПТ-76. Пушката досега ги поминала сите тестови така да го привлекува интересирањето на сите светски саеми на одбранбена индустрија.

Весникот Стар во веста под наслов “Филинта ги собра сите награди“ истакнува дека телевизиската серија “Филинта“ во продукција на Турската радио и телевизија доби две награди од страна на Друштвото за заштита на потрошувачите Евроазија на свеченото доделување на награди за квалитет што се одржа во Ѓунѓорен Кале Центарот во Истанбул. Серијата “Филинта' ја доби наградата за најдобра телевизиска серија, а Џем Учан кој ја толкува главната улога во серијата наградата за најдобра машка улога.

Весникот Хабертурк пишува денес дека Институтот за турска историја подготвува обемно истражување за расветлување на ерменското прашање. По тој повод се собираат сите пишани материјали како во Турција така и во странство кои ја обработуваат оваа тема а кои подоцна ќе бидат испратени до сите универзитети и библиотеки во Турција како и до сите научни институции во странство. Директорот на Институтот за турска историја Рефик Туран за тоа вели дека сите собрани материјали ќе бидат издадени во вид на книги. Се работи на историски факти кои не ќе можат да бидат негирани.

Весникот Сабах во веста под наслов „ Соборен 26 годишен рекорд во пливање во базен“ известува дека,младиот турски пливач Јигит Аслан собори 26 годишен национален рекорд во пливање во базен. Јигит Аслан на натпреварите во Милано ,Италија што се одржаа од 18 до 20 март го собори рекордот на Дерја Бујукунџу од 1990 година во 200 метри слободен стил од 2 минути,03 секунди и 86 десетинки. Аслан беше побрз од Дерја за 1 секунда и 1 десетинка. Со оваа победа Јигит се потврди како спортист кој ветува освојување на шампионски титули.



Слични вести