Турски печат 18.03.2016

Хуриет : „ Пронајдена нова гробница во Чанаккале“

453497
Турски печат 18.03.2016

Прегледот на печатот го започнуваме со весникот Хуриет кој го истакнува насловот „ Пронајдена нова гробница во Чанаккале“. Хуријет истакнува дека,после 101 година од легендарната битка и победа на турските војски над окупаторските на Чанаккале во близина на селото Бешјол кај месноста Дегирментепе каде што во екот на битката бил стациониран штабот на командата на 16. армија и воена болница биле пронајдени гробови на околу 600 загинати турски војници. Просторот каде биле откриени гробовите на војниците ќе биде уреден исто како и постојната алеја на паднатите борци на Чанаккале.

Весникот Стар во веста под наслов „За инает на тероризмот продолжува слевањето на странски капитал во Турција“ истакнува дека Турција и понатаму е во фокусот на вниманието на странските инвеститори. И покрај последните терористички напади кои ја потреса земјава голем број странски компании кои делуваат во Турција не се повлекоа. Само за илустрација во последните 3 месеци во Турција се слеаја милијарди долари во вид на инвестиции од неколку крупни светски концерни и тоа во секторите како што се автомобилскиот, туризмот, градежништвото,транспорт и другите.

Весникот Хабертурк известува дека Француската фармацевтска компанија Сервиер дел од производствените капацитети ги префрла во Турција. Компанијата донесе решение дел од своите производствени капацитети во Западна Европа да ги префрли во Турција. Оваа компанија како втора најкрупна во светот располага со консолидирана банкарска сметка од околу 4 милијарди евра и вработува 21.400 вработени во 146 земји.

„Библиотека во Истанбул мевлевихана во Коња“ е насловот кој што го истакнува денешен Сабах. Министерот за култура и туризам Махир Унал најави дека наскоро се планира изградба на џиновска библиотека во Истанбул и мевлевихана во Коња. Библиотеката ќе биде сместена во просториите на касарната Рами која е во фаза на реставрација и ќе биде најголемата библиотека во Турција со вкупен капацитет од 10 милиони книги и друг вид на печатени дела. Министерот Унал додава дека воедно се планира изградба на мевлевихана во Коња каде во иднина ќе се одржуваат традиционалните манифестации Шеби Арус по повод одбележувањето на раѓањето на турскиот мистик и филозоф Мевлана Џелаледини Руми.

Весникот Јени Шафак во веста под наслов „ Наскоро ќе започне да функционира 22'та воздушна царина во земјава“ известува дека со пуштањето во употреба на меѓународниот аеродром Орду-Гиресун во мај годинава, бројот на воздушните царини во земјата од постојните 21 ќе се покачи на 22.Овој аеродром има големо значење за регионот бидејќи голем број жители на градовите Орди и Гиресун престојуваат на работа во Австрија и тоа претежно во Грац, Австрија и Келн,Германија.



Слични вести