Турски печат 01.03.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

442050
Турски печат 01.03.2016

Весникот „Сабах“ го објавува текстот под наслов „Голема посветеност од Ватара кон Ердоган“ каде што пишува дека претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласан Ватара го изразил своето големо задоволство од посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на неговата земја. Ватара рекол: „Оваа посета е мошне значајна за нас. Ние знаеме колку вашето лидерство е ценето во светот. Чувствуваме големо задоволство од дочекот на еден голем пријател на Брегот на Слоновата Коска и Африка и на еден голем државник. Овде го дочекуваме големиот државник на времето.“ Велејќи дека Ердоган од денот кога е на власт изгради силна Турција и силна економија, Аласан Ватара го додал следното: „Денеска Турција ја доведе во положба на 16-та голема економија во светот и 6-та голема економија во Европа.“

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Голема пофалба од Фич Рејтингс до Турција“ им одделува место на изјавите на искусниот директор на Фич Рејтингс и аналитичар за Турција Гембл кој истакнал дека со обединување на исто место на сите фактори тогаш произлегува еден стабилен изглед во последните 6 месеци во Турција. Гембл рече: „Иран како голем пазар се отвора кон светот. Тоа претставува голема прилика за Турција како една од земјите кои најмногу ги искористуваат ниските цени на нафтата. Како што вели Гембл, намалувањето на јавниот долг на Турција и нејзината сегашна финансиска позиција ја преставуваат основата на оценката на земја во која може да се инвестира.

„Турција одлучна во Јужниот гасен коридор“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“ каде што се вели дека Турција од геополитички аспект е со централна местоположба на енергетскиот коридор и дека во Азербејџан се одржа вториот состанок на Јужниот гасен коридор, како најзначаен проект со кој се зајакнува централната местоположба на Турција во енергијата. Според веста, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак во говорот што го одржал на состанокот во Баку нагласил дека Турција е одлучна за голема пожртвуваност и поддршка на ТАНАП и Јужниот гасен коридор во политичка, техничка и економска сфера. Во рамките на Анадолскиот гасоводен проект ТАНАП од Азербејџан во Турција ќе се транспортираат 6 милијарди кубни метри природен гас и 10 милијарди кубни метри природен гас во Европа.

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „Кошмарот на Меркел станува јаве: Спасот е Турција“ пишува дека во период кога заедно со затоплувањето на времето на егејските крајбрежја на Турција се забележува прилив на мигранти кои се обидуваат да заминат за Европа германската канцеларка Ангела Меркел пред самитот ЕУ-Турција закажан за 7 март во Брисел уште еднаш рече дека мигрантската криза би можела да се реши само во соработка со Турција. Меркел која се противи на затворањето на границите во Европа нагласи дека решението ќе биде можно во рамките на Европа и во соработка со Турција.

Весникот „Хабертурк“ во текстот под наслов „Дискусија во Верона за Ќебапот“ истакнува дека бифињата за ќебап и дурум од традиционалните турски јадења поради брзиот сервис, економската цена и вкусот со секој поминат ден се повеќе ја провлекуваат заинтересираноста на Италијанците и туристите. Откако во италијанскиот град Верона се повеќе почна да се распространува продажбата на ќебап и дурум со цел заштита на културата и традициите е донесена забрана за отворање на угостителски објекти кои продаваат етничка храна во центарот на градот. Оваа одлука од страна на италијанските медиуми беше протолкувана како „забрана за ќебап“, додека градоначалникот на Верона Флавио Тоси истакна дека одлуката е донесена со цел да се заштитат културата и традициите на подрачјето на Верона.



Слични вести