Турски печат 25.02.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат весниците во своите денешни изданија:

439098
Турски печат 25.02.2016

Весникот „Стар“ го објавува текстот под наслов „Дали руските авиони ги измами електронскиот систем КОРАЛ“ каде што пишува дека АСЕЛСАН кој постигнува големи успеси во националните проекти во изминатите денови го предаде на Турските вооружени сили електронскиот систем за неутрализирање на радарските системи КОРАЛ кој пак претставува ново инженерско чудо. Уште од денот кога електронскиот систем КОРАЛ беше поставен во Хатај на границата со Сирија, руските воени авиони дури 4 пати погодија погрешни цели што пак доведе до знак прашалник во главите. Руските воени авиони кои како последно погодија го грешка камп на терористичката организација ЈПГ во Сирија, претходно исто така по грешка ги погодија позициите на силите на Асад. Електронскиот систем КОРАЛ ги ослепува и неутрализира радарските системи, електронските уреди на авионите, ракетите и системот за противвоздушна одбрана С-400.

Весникот „Хурријет“ во текстот под наслов „Терористичката организација ПКК ги киднапира младите и ги прави бомбаши-самоубијци“ истакнува дека од страна на полицијата му била земена изјавата на Муса Сомер, таткото на Абдулбаки Сомер, извршителот на самоубиствениот бомбашки напад на конвојот од воени сервис возила-автобуси во Анкара во кој животот го загубија 29 лица, а 61 лице беа повредени. Таткото Муса Сомер во својата изјава истакнал дека 4 пати ги прошетал камповите на терористичката организација ПКК за да го најде својот син кој бил киднапиран од страна на организацијата во 2005 година, дека терористите во камповите го криеле неговиот син и дека не му доставиле информации во врска со него. Бомбашот-самоубиец кој бил киднапиран од страна на терористите на ПКК уште кога бил дете 11 месеци бил во камповите на терористичката организацијата. Таткото Муса Сомер рекол дека во терористичките кампови на ПКК има голем број деца кои биле киднапирани и биле обучувани како терористи.

„Во 3 населени места пронајден природен гас“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ каде што се вели дека во населените места Согутлу, Сердиван и Феризли кај градот Сакарја на длабочина од 400 до 500 метри под земјата биле пронајдени резерви на природен гас. Во подрачјето биле преземени безбедносни мерки и во наредните денови ќе биде објавено соопштение во врска со резервите на гас во подрачјето. Во продолжението на веста им се одделува место и на изјавите на валијата на Сакарја Хусејин Авни Џош кој рекол: „Работите продолжуваат во еден широк простор. Пронајдените резерви на природен гас се мошне значаен енергетски извор за нашата земја. Ќе се обезбеди значаен придонес од нашето подрачје за земјата.“

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Ќе извезуваме вакцини“ им одделува место на изјавите на министерот за здравство Мехмет Муеззиноглу рекој истакнал дека почнаа да се добиваат резултатите од поддршката што ја дава Владата на производството на национални лекови и домашни вакцини. Министерот Муеззиноглу рекол: „Произведуваме вакцини против дифтерија и тетанус. На ред е вакцината против Хепатит „А“. Идната година ќе можеме да извезуваме вакцини.“ Муеззиноглу воедно напоменал дека Турција располага со потенцијал на пазар за биотехнолошки производи вреден 100 милијарди долари.

Весникот „Јени Шафак“ во текстот под наслов „Изнесена на продажба маица на Салих Дурсун“ пишува дека во 22-рата недела во Спор Тото Супер Лигата Трабзонспор беше поразен во гости од Галатасарај со 2:1, меѓутоа настан кој веќе неколку дена го преокупира дневниот ред беше тоа што фудбалерот на Трабзонспор Салих Дурсун во знак на протест на погрешните одлуки на судијата му покажа црвен картон на судијата. Сега Трабзонспор изнесе на продажба маица од тој интересен момент кога Салих Дурсун му покажува црвен картон на судијата. Приходите од продажбата на маиците на Салих Дурсун ќе им бидат доделени на младите судии како стипендија за нивно обучување во странство.



Слични вести