Турски печат 09.02.2016

Стар : „Народот ја уништи ПКК во Џизре“

429406
Турски печат 09.02.2016

Весникот Стар во веста под наслов „Народот ја уништи ПКК во Џизре“ истакнува дека, во Џизре биле пронајдени тела на терористи кои одредени средини вложувале напори да ги спасат божем ранети цивили. Всушност самиот народ на Џизре го зададе најтешкиот удар на терористите на ПКК. Од 120 000 население колку што биле евидентирани во овој град, 115 000 се иселиле така да во градот останале само терористите. Во операцијата на силите за безбедност биле откриени голем број терористи странци. Властите соопштија дека полицискиот час во Џизре ќе биде укинат откога ќе бидат завршени сите безбедносни контроли.

Весникот Сабах во веста под наслов „ Партнерите на ПЈД биле САД,Русија и Асад“ истакнува дека, опозицијата во Сирија соопшти дека САД испратиле два воени авиона полни со оружје на терористичката организација ПЈД како и 20 воени експерти со цел да хо нападнат градот Халепо. Бил постигнат договор со Асад и со терористичката организација ПЈД за заеднички напад на Халепо. Сириската опозиција воедно додаде дека, Русија која исто така ќе била вклучена во нападот на Халепо со операцијата ќе раководела од канцеларијата на Хезболах. Во меѓувреме и покрај тоа што постојат цврсти докази, портпаролот на американскиот секретаријат за надворешни работи Џон Кирби повтори дека ПЈД за нив не е терористичка организација.

Весникот Хабертуpк денес го истакнува насловот „ Палеолитот причина за измена на проектот за изградба на Канал Истанбул“. Весникот вели дека најновите истражувања на теренот од каде требаше да помине најголемиот проект на векот во Турција,Канал Истанбул кој и беше соопштен на јавноста во периодот кога актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше премиер,покажаа дека кај локацијата Алтиншехир во Истанбул биле откриени палеолитски пештери нарешени Јаримбургаз со големо историско значење. Пештерите потекнувале од пред 400 000 години. Пештерите се протегале во должина од скоро 1 километар и височина од 15 метри. Како втора варијанта била предложена трасата која поминува низ населбата Чаталџа кај Истанбул, но и на тој локалитет било утврдено постоење на исто така археолошки наоѓалишта со голема историска и културна вредност. Во близина на Чаталџа биле откриени пештерите Инџегиз чија историја се протега се до 3 век пред нашата ера.

Весникот Ватан во културната рубрика пишува за големиот интерес во Турција во последно време за аукциите на уметнички предмети и вели дека во последните 5 години во Турција на аукции биле продадени разни уметнички предмети со вкупна вредност од 223 милиони долари.



Слични вести